Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
16 јуни 2011
Мислења
684
Поени од реакции
1.193
Драга!!!
Преисполнетаа суумм!! Многу убаво поминав можам да кажам дека летово ми беше ФЕНОМЕНАЛНОО!! Јухуу :)
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Драга ...

ми се спие, ми се плаче ... одамна немам станато вака рано! Одам у креветац. Добра ноќ
 
Член од
27 септември 2007
Мислења
1.028
Поени од реакции
440
Those who say they know, don't know. Therefore, be quiet and let your actions speak for you. They speak much louder than your words anyway! - Го прочитав некаде ... се согласувам секако ...
 

Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.042
Поени од реакции
2.130
Драга..ме оставија сам.умирам од досада//:(
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Кајганче
Добро, дај некој нека ми каже до кога ова ќе трае, за да знам дали ќе можам да истрпам, зошто живците ми се при крај.. Некои луѓе мастурбираат за полесно да заспијат, некои луѓе пијат млекце за полесно да заспијат, некои дури и јадат за полесно да заспијат.Ја што да праам за да заспијам?А? Досадно е бе во 5 саат ко вампир да седам пред компјутер "гледајќи" филм и да чекам да ми се приспие.А може ми треба и едно добро пијанчење а?Бар да олабавам со живци ако не друго.
Киз4е:*
 
С

Сатори

Гостин
I'm not interested in Gossip Girl or Assassins Creed anymore ... there must be something wrong with me.
А да, способност за организација на времето и приоритетите.
И можеби треба да почнам да спијам или да престанам да пијам кафе.
 

~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
Во една толпа луѓе секој со различна приказна во која се наоѓав вечерва не ми беше пријатно.Згора на се и малку сум болничка ( во сред лето -.-) Но морав да ја развлечам насмевка на лицето за да би го избегнала прашањто-Што ти е? Притајно успеав да се смешкам како се да е во ред.Но не беше! Мислам дека сјајот во очите полека почна да си го прави своето,него за жал не успеав да го сокријам.И ништо не беше повидливо ниту поприсутно од нечие отсуство....Но Марфи секогаш знае да ме зезне:unsure: Можеше Марфи да бидеш љубезен и барем вечерва да ме поштедиш !
Толку мила се олеснив....
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.373
Поени од реакции
4.904
Драга,
Една недела беше доволно.. Од утре ме чека вистински пекол и кинење нерви..
Само да не исклучам и се ќе биди во ред, но познавајќи се себеси црно ми се пиши..
Времето ќе пресуди..

Btw почнав пендрак да си носам со мене.. Таков е градов непредвидлив.. Се вклопив потполно во неговото сивило..
Нешто се случува, а јас немам појма..
Пеколот ме чека, нема бегање.. Ех, Вторник да заминам би било перфектно.. За сега не оди ништо по планот.. Нејќам ни да заспијам . Никогаш не сум бил толку уплашен :confused: Замисли можи да ме нема од утре натаму.. Темница..
Баш ме интересира дали се ќе се врати по старо.. Али не тоа старо, мислам на она првото, го знаеш ти добро најлошото мое..
Ама нема бегање, сам сум крив..
Ти кучка, ама јас пес..
Одекнува секој збор, а јас неможам ни да си верувам дека сум баш јас тој што го направи тоа.. И јас си открив уште една страна на мојата личност.. Онаа грозоморната,пеколната, неблагодарната.. Циник е тоа сум јас..Да цитирам понатаму ?? Ај не..
И сега се е ладнокрвно, подобро е вака..
Од кај ми е сега ова незнам..
Од кога се немам исплукано самиот себеси.. Ко ќе ми текни тогаш бев подобра личност, а сега, сега сум она неблагодарно копиле..
Таму долу во подземно Чикаго..
Не сум никој и ништо.. Ако ова е начинот на кој знам да опстанам, подобро нека одам и нека се отепам..
Ќе се гонам, нема пред очи да излезам. Омразен сум :) Да ми плукнеш в лице.. Ѓубре скапано. Проклетник.
Таквите ко мене не се менват.
Затворен во свој свет на глума, бодејќи му ножеви, насилник. Се што направив !
Не сум човек јас..Сезнајко.
Одамна направив сите да изгубат верба во мене..
Боцнав таму кај шо боли најмногу..
Морам да сменам нешто..
Гаден сум, неблагодарна себична личност.. Не заслужвам јас нешто..
Ни чиста совест немам, валкан образ..
Глумец, зарем вреди да се замараш со мене ? Беден..
Никој неможи ништо да ми погоди, се ми смета !
Го добивам она што го заслужвам. Ништо !
Никогаш незнам ништо..
Јас сум тој шо бега..
Дага Кајгано, мило ми е. Е ова е вистинскиот Frenkie !
Ми се гнаси..
 
T

Tetro

Гостин
Dk,
Ми се готви нешто. Ама не бива така. За утре, утре, утре... Утре ќе правам нешто со тесто, ќе месам кифлички со тиква. :D

Ако сакаш да ти дадам некој рецепт, кажувај н авреме
 

Chanel

I feel like a tiny bird with a big song!
Член од
22 мај 2011
Мислења
478
Поени од реакции
307
Драга,
Уште една досадна вечер... Не можам да го издржам веќе ова темпо на живот. Испаѓањето во град повеќе е замор, а не како некогаш кога едвај чекавме да дојде петок па за да испадниме. Се е толку исто, испланирано до најситен детал, но не од мене, напротив животот не не изненадува со нешто интересно и несекојдневно. А баш тоа ми е потребно, баш тоа го сакам. Нешто што ќе внесе промена во нашите досадни животи. Тежок е животот, да... Ми недостигаш! Многу, премногу, најмногу. Цели 11 месеци ни збор немам слушнато од тебе. Грешката беше моја, признавам, но зар нашата гордост е толку силна што никој од нас не сака прв да подаде рака, да каже барем еден единствен збор?! И повторно не те видов! Каде всушност одиш ти, каде се движиш? Се сменивме... веќе не сум истата, а ни ти. Таков е животот, луѓе влегуваат во нашите животи, а некои излегуваат. А зошто по ѓаволите и ти веќе еднаш не си одиш туку ме мачиш, ми ја мачиш душичката и ме тераш да пишам вакви работи во 3 часот по полноќ. ОК, ми се се спие, и не знам ни јас што пишувам. Само едно знам, а знај и ти, те сакам.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Утре на гости кај тебе? Мислиш дека сум среќен што ќе те видам, а напротив го мразам тоа. Да не беше другар ми одамна немаше да ме гледаат луѓето во град... А ти помисли дека јас сум толку не снаодлив што не можам да ти најдам ниту број? Најдов твој број веднаш. Ама што е поентата на се`? Кажи ми дали воопшто има поента ова што го правиш. Не сакаш да согледаш нешто толку очигледно или не го гледаш тоа? Како да ти објаснам...нема ни да можеш да го видиш веќе тоа. Толку. Крај. Вистинскиот јас и вистинската ти ќе се видиме некој нареден живот. И пак ќе завршам со

This is the end beautiful friend, the end
This is the end my only friend, the end

Of our elaborate plans, the end
Of everything that stands, the end
No safety or surprise, the end
I'll never look into your eyes...again

Can you picture what will be
So limitless and free
Desperately in need...of some...stranger's hand
In a...desperate land
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
Драга Кајгана, ми се поремети спиењето, ама тотално. И почнав да одложувам активности, како на пример поправање компјутери, праќање фотографии по мејл...
Единствено позитивно е што фаќам кондиција за пиење пиво, спремен да отидам на Пиволенд. Иако бендот што највеќе го очекувам Лолобриџида се ставен во термин кој ич не ми одговара :(
 
I

indigo child

Гостин
Shopraish?
Ee ja u krevet demek. Chi
HELL YEA GO UBIV KOMARECOT !
Glaava me puka, sinusive me rasplakaa.
Sho ti zborev?
A da. Chitam kniga ko demek. Ja dochitav. Primetuvam deka gi razveseluvam lugjeto. Onaka, site. Mene ne me razveseluva nikoj -.-
Koj sebichnjak sum, bljak eww. Mi se zgadi. Moralo nekoj da me razveselue. Mrsh ma!
Ne mozham da zaspijam, ne znam sho apche da pijam za glaava vekje. Kafetin i da pijam, posle pak nema da zaspijam -.-
Saatov isto me nervira sho kuca, kje go mavam so telefon -.-
Se mi e naopaku denes, samo vecherta mi beshe ubava.
Od sabajle mi pochna sve naopachki -.-
Ne mozham vishe da izdrzham, me boli glava -.-
I samo kenkam, ne znam drugo -.-
Utre pak treba rano da stanam, pak klavirot...-.-
Koa ke go navezbam toa ko Luganski, da mi vrtish -.-
Kikica mi e u Srbija, skapa tamu -.-
Ne mozam asalno da ja vidam -.-
I toa. Nemam sho da praam, pa se zanimavam so tipkanje na touch -.-
Zabavno mi e, neli? ^^
Aj mrs topsi kiss43 mwa mwa
<3 *:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom