Недела - шугав, глупав ден. Од поодамна не сум имала ваков ден.
Се чуствувам толку немоќно, скршено, раздразнето, бојазливо... Се прашувам од каде ли доаѓа ова чуство, но ме фатило за гуша и не ме пушта, ме држи силно и трескавично.
На моиве раздразливи нерви денес се и смета, се и пречи па затоа и цел ден се дистанцирам од сечие присуство, да не погрешам некому, зошто човек кога е раздразлив, кога се чуствува вака шугаво може нешто да погреши, а зошто да си имаме лошо.
Во вакви моменти самотијата ме исполнува, добар другар е таа секогаш може прибежиште кај неа да се побара. Но освен неа и музикава ме исполнува...