Ова е еден од оние денови Д. Не дека се спремам за десант или правам класичен замозалажувачки чекор дека се ќе менувам.
Ова е од оние денови. Кога ти стои кнедла во грло. Од емотивна затапеност, од развој на настани, од лет во место, од туѓи едноставни, а недостижни животни приказни. Кога она ултимативно чувство наречено страв те тера да не гледаш во ретровизорот на животот, за да не почнеш да тагуваш. А богами пријателе, и напред и назад е исто. Бар така ми е мене сега. Изутрина додека си ги влечев чекорите по улица ме стрефи една мисла - јас престанав да чувствувам .Остана уште малку од стравот, и срамот, ама нешто ситно што и не се брои кога ќе мериш на кантарот на животот.
Ова е од оние денови кога сум стварно уморна, не од обврски, не од луѓе, туку од соништа кои тежат и кои се сториле прав и пепел. Си ги ставив во кутија и ги чувам. Чисто за потсетување дека ги имало.
Во овој живот се добивам со задоцнување и тоа е карма. А кога се работи за карма или ќе си ја прифатиш или ќе се фруструрајќи се од борба против духови. Јас одамна ја прифатив зашто не можам против неа. Но, тоа не ме натера да посакувам да ја немав. Секогаш со двојно па и тројно повеќе труд и секогаш ама баш секогаш со задоцнување. Ако има такво нешто како претходен живот, јас тогаш мора да сум подранувала во се.
Се насобра се мајката. Додади го на тоа суптилното влијание што го прави еден филм на Линч и книгата на Џамбазот која ја читам,а како шлаг на торта еден вечерен муабет кој од ништо може да ти го разниша светот сосем непланирано кога единствена грижа ти е дали да облечеш пижами во 9 и 30 или 10.
Уште Квин ми фали и адиос амиго.
Не знам каде оди овој воз. Најтрагичното е што не ми е ни гајле.
Зошто го чкрапам ова. Зашто блиски не замарам. Замарањето им го оставам на непознати воајери и емотивци.