Драга Кајгана,
Вчера жртвував идење на БигАП фестивало за да си го средам компјутерот. Под средување подразбирам чистење на куќиште со правосмукалка, ставање термо паста на процесорот, вадење на двата хад диска, ставање комплетно нов од 1 тера. Свежа инсталација на виндоус 7. Враќање на дисковите назад 1 по 1 притоа комплетно префрлање на податоците на примарниот диск. Инсталирање на сите потребни софтвери, и ситни подесувања во истите. Ми остана само да тестирам како ми работат Photomechanic и Photoshop.
Ако треба ќе докупам плочка од 2 гига рам, а голема е веројатноста да купам нов кулер за процесор пошто сегашниот зуи ко комарец, а јас дури вчера открив дека тој бил причина за бучавата во мојата соба.
Па ќе можам да функционирам вака уште година/две или ако успеам порано да купам нова машина.
Со надеж дека вечер ќе идам на Биг АП, убав викенд Кајгана.