Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Од Септ. почнувам да ја пишувам првата македонска рок опера, но во меѓувреме бев замолен од високотиражниот Вест на кој најдобра страница му е таа во средината да ја напишам биографијата за Дедо Столе од Штип кој ги "измачува" жените со секс.
Должината на биографијата која јас од лични причини не сакав да се скрати или измени не дозволи да се најде на страниците во Вест, мојот предлог да се објавува како серијалите во Утрински за ВМРО не беше прифатен и не се реализира ништо од тоа.
Но после вложениот труд и по контактот со издавачката куќа "Матица Македонска", се најде заедничко решение ова дело да не ветвее во 320 хард драјв од вестрен диџитал туку да се испечати во најскоро време.

Екслузивно за Кајгана пренесувам дел од биографијата за Дедо Столе од Штип, кој јас популарно го нареков Cockzilla инспириран од популарниот филм Godzilla

Дебелиот дрвен лењир од учителот по ОТО кој беше обележан со мрсни боици покажуваше 27 цм, останатите деца го гледаа со зачуденост, и покрај тоа што не му одеше најдобро училиштето на малиот Столе иднината му изгледаше весела.
Заработуваше во градот со тоа што го сликаа неколку пати за неколку весници во боја со разголени жени, кога сме кај жените тие преку Столе врвеа како на лента за смоки во Витаминка од Прилеп, некој од нив се враќаа презадоволни, некој не очекуваа такво чудовиште и издржливост па одеа на инфузија во градската болница во Штип...............................................................

Продолжението на оваа биографија можете да го купите во издавачката куќа на Матица Македонска или пак во сите книжарници низ Македонија после Август. Преводот и аудио книгата се предвидени да излезат на ITunes пред божиќните презници за да се чита во домашна атмосфера.
 
Ме фати смеа дека кучето мое не било од тука го познал затоа сите ги знаел и на никој не личело :). Сега ќе одам да му купам од кршениот ориз малку на протеини ќе ставиме акцент после на калциум ќе тркнам до касапницата за коски.
Потоа ме праша за борба ако сакам да ми организирал, одговорив негартивно ринг минг глупости не ме интересираат, единствената борба ќе ја има само кога ќе нема излез и тогаш ќе биде борба ама кога треба да чува од безизлезна ситуација. Сите мачки по улица бегаат од него :), само од бато мачето нема гајле пријатели се, прашав да не има проблеми немало тоа си шета а овај си лежел преку ѕид пак назад.

Пишувам текст за песна посветена на тебе друже ритамот знам како ќе биде, па ќе му ја дадам на дечките....

 
Драга Кајгана
Нешто ретко ти пишувам деноиве. Мојот психолог/психијатар/психопат замина кај дечко и во Чешка, па сега и пишувам мејлови. Мислам дека ќе почнам повторно да пишувам долги, содржајни и пред се интересни текстови :)
Си викам, ај да идам на гости кај нејзе, можеби ќе запознаам некоја порно ѕвезда, ама ме предомисли цената на автобуската карта, скоро 150 евра. Можеби коа ќе сменам работно место. На сегашново може и чуда да направам, платата ми е таа, без надеж за зголемување или бонуси или што и да е. Затоа конечно си склопив едно порфолио во power point, за да аплицирам за работа на брод. Откако сум член на форумов „аплицирам“ за работа на брод...

И за мојот летен одмор решив да одам во Прилеп откако ќе заврши Пивофест, во Демир Хисар откако ќе биде испечатено едно промотивно брошурче за градот, за да ги изненадам демирхисарките :) И на крај Кочани, за да одморам од се. Единствено ми е криво што Рубин Ред замина за Италија, а баш се острев да полемизираме на темата Кочани vs Виница.
 
I feel too close to be a-losin touch
By givin in what am I givin up?
Am I loosin way too much?

A-heeyyyyyyyyyyy
 
Драга.
Стварно се трудам да бидам добра. Никому да не згрешам.
Секому да подарам добар збор или насмевка. Да помогнам кога треба.
Кога некое старче или старица или постар човек стои во автобус, секогаш му го отстапувам местото.
Знам дека и мене некој ден би ми значело тоа,некој да го направи за мене.
Драга,
јас навистина не знам зошто добрата карма што ја ширам, ми се враќа променета за 180 степени и ме удира во глава како лошо фрлен бумеранг.
Каде е среќата кога ми треба најмногу? Каде се прегратките што ми требаат, убавите зборови...?
Драга,
јас ќе продолжам да верувам, иако срцето ми се кине, иако солзите се` повеќе болат...
 
Вчера Драга...
Вчера беше вчера бев толку исфрустирана толку нервозна....Толку цинизам, идиотизам на едно место јас НЕМАМ ВИДЕНО секоја чест и за тоа треба да се има талент!! АКо, Ако..незнам колку километри пропешачивме само тоа незнам, и за што???!!!! Незнам што да праам ако вчера ми се плачешее денеска ми се СМЕЕ!!! ,, Чао ,, и ,, Па добро ,, беа вчера клучните зборови од кои останав запрепастена..! Едно знам ФЕЈК СУ, НЕБИТНЕ СУ!!!! Ха! Ха ! Ха!!!!!!!!!
Толку имав, Благодарам ЧАОООООО!!!! -.-`
 
Д.
толку се нервирам за некои одредени личности ама можам да им кажам само:
толку од мене сега за сега.
благодарам и ча-0
(y)
 
Се обидувам да откријам кој ник го избрала сеа navivacka/stereolove/rubin red/rubin red part 2/...

И зашто некои мислат дека се посебни со нивните мислења ала Опра совети па цитираат други мислења на темава? Ах господе Фејсбуковски...
 
CrQZI.gif


Одам да лежам. Чувствувам физичка болка, меѓу другото.
 
Кајгич, денеска страшно многу ми личеш на Курт Кобејн.
 
Кајг,
Значи вакво било чувството м? ... Трчаш низ Центарскиве улици не чувствувајќи потполно ништо друго освен страв и оние најлоши мисли кои те јадат од внатре.... Следен момент кој го памтиш е само молитвата до Бога...да биде добро....
Се што сакаш ....е се да се врати во нормала.... како некогаш... но ќе биде ли?!
 
ДџК

Шо би рекол мој колега, сите се наоѓаат на раскрсница во животот, само јас се наоѓам на кружен тек... Ех, кога се би било како што очекуваме. Море пола од тоа што очекуваме би било феноменално. Ама ни толку не е. И ај сеа, кој пат да го фатам? 4500 опции ми се мотаат низ глава...
Мирен Џиш, мирен, ќе смислиш нешто. Ама дури да го смислиш тоа нешто, има главата од ѕид да си ја лупаш, прилично многу. Убо отпеа Владо: што и да е ќе помине...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom