Драга Кајги,
Деенс сум расположена `ко времево до сега, значи супер. Да ти се пофалам КУП ПОФАЛБИ НА МОЈА АДРЕСА, што писмено, што усно, ама не е важно тоа. Важно е да се знае дека јас сум била таму и јас сум ја завршила работата. Нема повеќе мумлање, отсега само искрени разговори. Требаше да се тркне до парк, ама јас прерадувана си дојдов дома :kesa: па... друг ден ќе одиме.
Среќна? ДА!
Колку? МНОГУ!
Задоволна? НЕ! Сеуште не!
Можам многу повеќе од ова. Уште не го виделе доброто од мене, а тек најдоброто... Нека се стрпат до Нова година. Знам дека очекуваат многу повеќе од мене, ама сеуште немаат поим со кого фатиле работа. Конечно почна добриот период, сега уште да напишам ова што имам, па конечно да имам слободен терен за се` друго. Многу ме радува што сум со овие дечки, прекрасни се!
Драга Кајги се` ама баш се` оди според планот. Знам дека лошиот период помина, знам дека идат супер времиња. Минатото е останува онаму каде што му е местото, ајде сега да се посветиме на сегашноста и на иднината.
Поздрав Драга!