Лето
Лето. Лето е кога женските се разголуваат а на мажите им се подобрува видот. 2 јули е сеа, лето Александрово 2366то (ништо чудно вака да почнеме да броиме, ако до толку се замараме со антикава) Надвор ми мириса на пржени кришки и на Бит Пазар. Комшиката пробува некој нов рецепт, очигледно. Ова го напишав само колку да си ги кажам маките. А сеа до продолжам. Само календарски е лето. Ме разбуди грмотевица. Иако повеќе звучеше на прдеж у буре, но сепак беше доволно да го раздвижи моето усвитено тело. Станав од мојот Луј 16ти кревет и погледнав кон небото и видов 1 индиго облак, повеќе #736F6E облаци и една страчка нема врачка. Опцув еднаш металски и се пресоблеков во кралските одежди.
Си помислив - дали е ова чудо од време само во Македонијава или го има на секаде? И да. Само во Македонија е. Каде е грешката? Во чекори е изгледа, зашто пуштаат видео преглед таму па најверодостојно е тоа. Што ми беше поентата? А, да. Лето. Лето е. Време кога јас немам што да правам и се досадувам преку ден. Некој ми кажа дека треба да си најдам обврска и со тоа да си го исполнам времето. Паметна идеја. Од сега обврска ми е да најдам обврска. Краен рок на исполнување на тоа - дур не отидам на одмор. После веќе се е неважно. Факултетов го завршив, сеа за сеа, и чекам нова училишна година и да влезам повторно во училишните клупи.
Лето е најдебилското годишно време кога освен ноќни излагања и замори по некои летни центри - ништо не се прави друго! А кога ноќните излагања не се преку ден а не си на замор, тогаш што имаш да правиш? А, да. Ке седиш на интернет и ке си правиш квизови на Фејсбук, што ќе ти се случи летово. И ако ти е убаво, ќе го објавиш и ќе напишеш - DAAAAAAAAAAAAA!!!!1. Ако е лошо, ќе речеш во себе - Ах ова фејсбуков, незнае ништо. Сфашта. Уше малце луѓево, ќе праат квиз на Фејсбук, за да се решат дали да влезат во брак или не. Уствари, никоја девојка нема да се омажи. Они ги чекаат принцовите на бели коњи, кои им ги предвиде квизот, зашто нели, само такви заслужуваат. Другото што не влага под овие квалификации - ќе си фати женска која нема Фејсбук. Гледам друго. Почнуваат да си ставаат events - Одмор во Охрид. И си стискаат attending. Мислам дека конечно дојде времето за мојот event - Мочкање надвор од веце шољата. Може да поканите и други гости.
Инаку конечно заврши паузава од 2 дена без фудбал. Се навикнав на него. Како разменување лајкови, ми стана навика. Стануваш сабајле во 13 часот и пушташ телевизор да ја гледаш екстравангардната емисија на МТВ со тематика за Свецково, каде што гости се Јанко Узунов и македонскиот Том Џоунс - Ѓоко Ѓорчев. Уна паљома бјакаааааааа...А во меѓу време водителот си потпевнува. Професионалност на ниво. Навивам за Македонија на светсково. Мислам дека ќе победиме.
Ете, тука застанав. Снемав инспирација. Незнам за што да пишувам. Деновиве ми се како Иселенички џубокс. Се нешто од странско ќе ги разбуди духовите али ипак се е досадно воглавном. Досадава мерено во жива мера е мртво опасна. Ете тоа е тоа. Ај гитла сеа.
П.С. Реченица во која ја спомнувам ПараноиК, зашто ми пиша опасна реченица: "Подобро да ме спомнеш, or else." Не разбирам латински.