И онака почнав ској ден да ти се исповедам, да не пропуштам денес -.-
ФАК! Тоа ќе речам. На крај краева, зашто не допуштам лангзам, полека, инстинктивно, изненадувачки да се одвиваат работите?
Од све праам слон, се преправам нешто, ко демек, се смарам со иста ствар по цели денои.
А не сум таква.
ШО?
Каков слон, какви бакрачи.
Све ми е минијатурно. Не се смарам со ништо. Само со тоа што сакам да се смарам.
А со што сакам? Е тоа ни ја незнам. Тоа...хмм...многу сум филозофски расположена денес еј! Шомие?
Никој не ме сфаќа. Ме сфаќаат сите, ама донегде. Не сегде. И тоа го мрзам!! Никој, абе никој, да не се најде да ме сфати сегде! Damn. Зашо неам soul mate?
Ај вака.
Се решив лангзам да им допуштам на работите. Ништо не превимам иницијатива. Ќе седам мирна. Времето, муабетот, атмосферата, сами ќе кажат.
Бивет? Мислам дека од што ја прочитав Тајната преку 10 пати, и секојпат добивав его-трипачки ефект, денес не е баш така. Денес стварно ја сфаќам поентата на позитивното рамислување и дека ја досеа уствари тоа сум го праела.
Ко онојпат, ти текнуе пред концерт? Цел ден дома седев, несакав ни еднаш да ги исвирам композициине...и не му ја мислев ич. Толку бев самоуверена. И знаеш како отсвирев?? Бољи настап у живот сум немала!!! Темпо, динамики, кореографија, емоции! Сеа ја глеав снимката. Пу мајката! Да сакав волку добро да отсвирам, немаше да отсвирам! Плус и фустанот ми е убав
Кога бев помала, пред да доживеам трауми со другаркиве грди, бев многу посамоуверена. И нишо не ме интересираше. Ја си праев тоа шо си го праев. И уопште не ме интересираше за остатокот од светот. Шо сакате прајте! Мрш!
А сеа кенкам за секоја мала ситница шо ќе ми се деси -.-
Епа игнор бе! Колку сум глупа. Денес ланчето трипати ќе го изгубев, пошо знаеш дека не му чини механизмот. И од тоа се плашам. ОД ТОА ДА НЕ ГО ИЗГУБАМ ЛАНЧЕТО!
Не, не ми треба его-трип, тоа брзо ми поминува. Ми требаат позитивни мисли и живеење во илузија, а не да се тресам на све шо ќе чујам. Ми треба сигурност. Ми треба љубов.
А ја имам.
Глеаш?? Глеаш колку сум глупа?!?!?! Жими се, треба да прекинам да се дружам со шмизли шо од мравкички праат слоништа!
Љубов иам на изобиство, а ја нееее! Никако! Абе прифати шо ти се дава. Глупача! И тоа не е глупа љубов. Него е љубов - љубов. Тие за мене живот би дале. Буквално! А ја не го глеам тоа. Слепец! Ми се иде сеа да зеам да се треснам со нешо по глаава грда празна! Не ја глеам љубовта шо ми ја даваат и упорно барам нешто ново. Нешто посебно. Нешто невообичаено.
Епа не барам веќе. Ако ми треба љубов од некој тоа се ОНИ и ништо друго! ОНИ! И колку сум слепа шо не го глеам тоа на време. Упорно барам и барам, како коњ некој! Седни спрастри се ма! Идиот! Не глеаш нишо! Ко на црна точка да ми застанале! Глупача!
Леле мора да се опраам еј! Несум арна деноиве. Т.е. цел живот не сум била арна, али кој да ти знае....
Од денес нов лист.
Препушти све на Друг, предај грижи, не иди ко прле пред магаре.
А тоа цел живот го праам и не оставам спонтано да течат работите.
Ми се иде да се изнавикам сама на себе! Да зеам пендрак од џандарон шо им ја чува амбасадана на кинезине и да се изнатепам, асално! Да ми дое памет!
Арно ми вика мајка ми: Отварање, само тука на мене. Дома. На другарки..ц.ц. Никако. Е тоа! Глупача.
И од све праам слон. Ок, по кој пат ти го кажуем ова?!!??!
Тоа шмизлите имаат сериозен утечај на мене!!!! Не БЕВ ВАКВАА!! Шо ми е!?!?!?!? АЛО!!!
НЕ СЕ ЗАМАРАЈ БЕ ШО ТИ Е! УЖИВАЈ СИ! УБАО ТИ Е! ДАВАЈ ЉУБАВ! НЕ ОЧЕКУВАЈ ДА ТИ СЕ ВРАТИ!
Леле ќе се пореметам ај доволно глупости изнапишав.
Ветувам дека ќе прекинам од мравкиче да си праам слон, ок?
Ветувам.
(леле шо праам ни сама не сум свесна И ПАК ГО ПРААМ ТОАААААААААААААА! УФФФФФФФФФФ!!СНХДИГВСХРГИХС
Тина, сериозно, треба да идеш на психијатар.
Сама со себе идеш контра и контра.
Ај монологов забега у несакана насока...
Whateva..не ми е гајле! Шо сакаат нек читаат, шо сакат нек мислат!
Си иам психички проблеми! ТОА Е!
Ај, мрш! ц ц ц ц -.-