Драга Кајги,
се најдадов се наспав и сега ми е досадно. Ја слушам преубава песна! Синоќа имав еден многу корисен разговор. Во понеделник си оди! Тажна сум и среќна сум. Животот и се промени, сега се е супер. Весела е, разубавена е, сеуште нема ништо ново, јас и реков до нова година да с епомачат малку повеќе. Да, да знам дека сум безобразна, ама тоа беше појако од мене. Синоќа откако си отиде ни се јавија да сме се возеле и ај... не одбивам јас трошење мој бензин бидејќи многу ги сакам. Тие имаат посебно место во моот живот! Отидов до парк да се присобереме и ќе сме иделе на Видиковец, ОК! Има куп коли може да се манијачи, значи сеир не виден, луд помин, не заспинуваме повеќе. Си ја научивме лекцијата да не се дереме, оти последиците се тешки и неподносливи хаха. Да се вратам на темата (гајле ми е ако мислиш дека оговарам)... Тргнавме да идеме на кај Водно и на Илинденска, која ја направиле супер, сообраќајка 2 мотори... лелееееееее, зш не почекаа малку ние да си отидеме? Излеговме одма да помогнеме. Си ја знаевме работата, вежбани превежбани. На местото се најде и некоја докторка, млада девојка 2. година на медицина, ама девојката не ќе да е за таму. Доктурката беше комедии. Леле кои глупи грешки, значи ако не знаеш нешто тргни се на стана и не се фали дека си на медицина! СРАМОТА Е! Плус во оваа држава има навистина квалитетни доктори, кои не заслужуваат да бидат ставени во ист кош со неа. Значи додека им се пружеше прва помош на повредените, јас ја гледав девојката и се чудев. Навистина првичниот шок е голем. Психичката неподготвеност, ама лупање онакви глупости? Аааааах разочарувачки! Во оваа прилика сакам да ти поздравам сите неписмени доктори кои си зеле диплома на овој или на оној начин, СРАМ ДА ВИ Е! Си мислите дека луѓето се кукли па вие ќе си играте со нив диши недиши и ќе ги боцкате со игли. Епа да ве разочарам сега, диши не диши се игра во градинка и во забавиште, а не кога сте полнолетни и кога ќе се запишете на медицина. Среќа луѓето не беа многу повредени, имаше повреди ама жива среќа не требаше ние да интервенираме повеќе. Знаеш сега што ми смета многу? Порано јас кога учев за возење се уплаќаше 500 ден. за прва помош, ама немаше обука и часови пари у банка уплатница на рака и толку. Среќа што сме обучени за ова инаку маф работа и ние ќе се срамевме ко доктурката. Навистина беше лошо чувство кога видов прилично возрасни луѓе кои не знаеја основно правило кога ќе видиш повреден едни му помагаат а другите прават голем простор за да може да диши а и да не се испаничи па да падне у шок состојба. Глупости, туку мене ми се пријаде...
Ајт до после