Драга Кајги
Се разбудив укочена, десното рамо едвај го мрдам, а гости треба да ми дојдат после за да јадеме, да се зезаме, да оговараме, да се смееме, со еден збор да се однесуваме како тинејџери хаха ќе биде топ. Дечкиве се супер мојт и фудбал да изгледаме, ама ако гледаме `ко што гледавме пред некој ден ќе биде јако. Од толку голови ни еден не видовме, дури и луѓето од соседните маси ги закачавме па и тие почнаа да се реметат со нас, навистина беше супер! Ептен не бива за глупирање. Денес, значи, прогнозираме добар да ни биде денов, за разлика од вчера и завчера кога очекувано беше тапа. Многу ми беше мака што се случуваа работи кои не требаше да се случат. Патем, забрзано се движиме кон врвот, тоа ми се допаѓа. Не знам како ќе го средам најважното нешто за мене во овој период, во август треба да се одбрани, ама ај се надевам дека се ќе биде в ред. Имаме доста забави периодов, како ли само ќе ги издржиме :raz: Денес времево не е `ко вчера. Денес лесно се дише. Работите не се `ко што треба да бидат, ама се движат по нагорна линија. Драгичка ми се јаде нешто, ама не знам што ми се јаде, треба да ја чистам кочинава и не знам колку време ќе имам за да доручкувам. Си го средив твитот, ребелов го нема за корекции за блогот, ама нема да ми кидне така лесно. Ова бегање има скапо да го чини, се мислам за 20 ќебапи и пиво

разбира се и за ребелот ќе има нешто, 10ка и кока кола

си се смеам сама брееее. Драга Кајги сум издувала! Треба многу да се смирам!!! Не иде повеќе вака, срцето мојт да ми попушти, а после тоа ќе биде уште полошо. Треба дечкиве повеќе да си ги играм во овој период и така ми се душички, барем ќе си бидам релаксирана. Многу ми недостасуваат некои луѓе. Повторно ми се врати минатото, интересно е! Ми текна на толку многу убави работи. Жал ми е што не се тука за да им кажам што мислам, да им кажам за работите кои ми се случија, кои ми се случуваат, сакам да ги видам како се радуваат на секој мој успех, а тие знаеа да се радуваат. Ми недостасува дедо да ми се јави и да ме праша ЈАС како сум, МЕНЕ што ми се случува во животот. Најмогу ми недостасува кога ќе се јавеше и кога ќе се насмееше или кога ќе не видеше кога ќе појдевме. Ми недостасува моментот кога ќе го гушнев како се галеше со лицето. ПРЕКРАСЕН БЕШЕ!!! Ми недостасува баба за да ме искара кога грешам за нешто. Ми недостасува нејзиниот лик да го видам кога ќе се шокира од некоја моја глупост и кога ќе ме погледне в очи, а нема да рече ни збор, оти и самата си знам. Баба ми беше многу тивка и премногу мила... Сакам бар само еден ден да си седиме заедно, ама... тоа никогаш повеќе нема да се случи... тоа ќе биде само во мојот ум. Мака ми е што некои работи не се менуваат! Мака ми е кога луѓето глумат промени и кога не им веруваат на другите. Мака ми е кога лажат за битни работи, ама јбг некои работи не се менуваат, а да бидам искрена јас не можам да им се мешам во животот и да ги менувам, ако сакаат сами да сфатат ок, ако не нека кажат... Штом не ми веруваат се што ќе направам ќе биде џабе, секој збор ќе биде погрешно сфатен, оти очигледно не ме сфаќаат сериозно, оти очигледно им служам како играчка (тука сум кога им требам, а ги нема кога ми требаат). Луѓево мислат дека ако тие се недоверливи дека сите се такви, навистина чудно. Плус и премногу сум разочарана, па наместо да се средам себе ќе треба да продолжам да се правдам иако сум во право и ќе потонам уште подлабоко, иако, не сум сигурна дека од ова дно има уште подоле, ако има... обравме бостан.
Те поздравувам со мојот хит :back: