Значи сосем свесно и на сопствена одговорност правам смртен грев во моментов што решив да се испуцам на тастатура,наместо преку пцуење на јужниот сосед кој патем губи од Ј.Кореја.Не ми е интересно моментално да гледам ова,повеќе сакам Англија-Сад да гледам ради ривалитет али и заради предикцијата што ја направив,можда ќе ставам стотче на Англија и Шпанија па да видам дал ќе го погодам носителот на светскиот трон.
Нејсе...
Меќу две ладни макијата,еден нематен нес и по некое узо(чисто за да разбие монотонија),док носам нарачки ко молња ме маваат мисли од типот...RUN RUN....Ама наредната мисла ми е ,е каде ќе RUN...
Не сум тип на човек кој мава предрасуди и етикетира луѓе,ниту пак ми дошло некого да го судам и да го правам Јованка Орлеанка,друг ми е муабетов.Почнувам да мислам дека келнерите и шанкерите се многу попаметни од цела клиентела распослана по маси и шанк.Има одговор и на тоа,речиси секој што студира (на државно секако) бил у можност да се сретне со оваа угостителска работа која го одржува нашиов главен град.Оние што спаѓаат во оваа група,најдобро ќе ме разберат.Не еднаш ми се случило,да почнам раговор со некој гостин,онака неврзан и после првата реченица да сфатам дека нема поим од животот(ви текнува на репликата од Викенд на мртовци
),едноставно на човекот не му сече,ама ај што не му сече туку кога ќе ви кажат после кој е што е ,чив син или на коај позиција ,е во такви моменти ми е најтешко да ја задржам рамнотежата на ајнцерот.Кога ќе си ја споредите километражата на прочитани редови,дипломи и се друго што во хартија ве мери ,а од другата страна имате празна линија ќе ви дојде она Run baby RUNNNNN!!!
Немам јас проблем со работата,ниту со луѓето спроти мене,има стварно добри души и харизматични луѓе,у таа гунгула свашта се среќава,од простаци до галантни луѓе,добра животна школа е во секој случај.Имам проблем со улогите што ги играме во оваа држава во која образованието е сила и моќ:смајликоепревртвуваочи:...Оние што служат многу често треба да се оние кои седат.Ама јбг тоа е(упс опцув а тоа не е нашиот јужен сосед).
Барајте ги дипломираните и магистрите меѓу келнерите и шанкерите.Живели дечки...
П.С 2-0 води Ј.Кореја