ДК...
ОВА НЕ Е ХУМАНО!!!
ПМС и вадење пасош НЕ ИДАТ ЗАЕДНО.
За да го сфатиш Шекспир што мисли со тоа Something's rotten in the state of Dennmark, закажи за да вадиш пасош. Трагикомедии.
И така, веќе една недела си ги тренирав нервите (оние што поминале низ тоа ме научија) за конечно да се појавам на местото кај што преку ден се вадат документи за идентификација, а навечер анонимци го работат најстариот бизнис, и the show has began.
*без навреди на малцинствата во Македонија*:
Влегуваш, и неколку метри пред самиот влез те обзема неодоливиот мирис на овца! Просто, уживаш. А на Владата сеуште не им текнало да стават задолжително бањање при поднесувањето на документите. Влегуваш ко изгубен Германец, се бараш на списоци, и те нема! Конечно се снаоѓаш и чекаш на екранот да се најдеш себеси, и одеднаш настапуваат десетте минути на радости, кога те има на мониторот, и сите те гледаат и посакуваат да се како тебе. Се чувствуваш како Холивудска ѕвезда. Само што...
Не пишува пред која врата треба да дремеш. Е тоа е проблем. Почнуваш да ги распрашуваш надлежните, кои ти викаат да се обратиш на Шалтер 19, кој патем, не постои. Одиш, од врата на врата, се социјализираш и шириш познанства, и конечно наоѓаш кај си. На среќата и нема крај. До тебе стои ретардиран тип кои си ги лигави ракавите и му тече секрет од носот кој му навлегува во устата, жена со бебе што плаче, постара жена која ти ја раскажува најновата епизода на Шехерезад, друга постара жена која ти вика да не станеш дроља ко Аху, манијак што зјапа во твоето деколте и ти го поставува прашањето "Ти го имаш на ФејсБу'"? со неодолив прекумостовски акцент и исфрустрирана жена со маж кој во слободно време го тепа и која ја крена цела зграда во воздух. Првите 3 саати си во состојба да сечеш вени, додека им даваш координати на "свежото месо кое незнае да се снајде", а после се заебаваш за се околу тебе, и сакаат да те избркаат затоа што прашуваш "што му го прават внатре, му го варат ли чајот?" или "а да мењам презиме да ме пуштат преку ред?" но тоа се оние интересни моменти кога нешто околу тебе се случува, чувствуваш некаков прогрес.
Оние пак, кои ги нема на списокот се должни да го информираат info call центарот, за кои што никој нема слушнато, незнаат кај се наоѓа, никој не бил таму, и надлежните не се информирани затоа што тоа е приватна агенција која го добила тендерот на нашата Влада. Уживаш во секој бесценет момент.
И додека чекаш, како што напоменав, има некаков прогрес од типот на "му го нема 'артија", "прИнтерот му се расипал" и слично. Кога, доаѓа кулминацијата - излегува уште еден он оние, дваеспетзарезседамнаес, со мало ливче со него кое се обидува да го прочита, а ти викаш дека ќе почнеш и во Господ да веруваш ако го прочита твоето име, и одеднаш слушаш...
"Н...Н...НЕМА СТРУЈА!"
Веќе не ти се ни плаче, туку се смееш како надуван. Слушаш пцовки, како на следните избори нема да се гласа на актуелната власт и гледаш дека 90% од луѓето околу тебе голтаат диазепам како да се обични бонбони. Тоа е едно од оние чувства што не се опишуваат.
А не пак чувството кога конечно влегуваш во клаустрофобичната база! Подобро е и од оргазам! На сликата испаѓаш со тупа блажена насмевка, зошто во истиот момент свршуваш од среќа! И конечно, готово е, завршено е, нема да се повтори пак...
Почнува да ти недостасува атмосферата.