Драги
Си работиш, работиш на случајот. Лека-полека, без брзање, со доста пажња и внимание, забава кога има простор за тоа, сериозност кога има потреба од тоа, инвестираш време за истото на големо. Ко личност се отвараш небаре си сликовница. Се за него, бидејќи вреди, нели?
И? .... За што?
За да дознаам дека некој рандом ропак стигнал до истата цел за една недела на која јас работам веќе со месеци и месеци претходно. Си докажав повторно дека сум се уште наивен, дека непотребно инвестирам време и емоции кај тотално погрешни луѓе, дека истите се премногу лесни (една недела, сериозно? Рака сечам дека се знаат преку сила не повеќе од два дена), и дека ропаците секогаш го добиваат тоа што го сакаат без никаков труд, а останатите или ќе се частиме со остатоците или ќе продолжиме да гниеме емоционално ради такви клошари ко едниот и ко другиот.
Отсега јас седам на страна, за следниот што ќе се појави, тој нека си покаже интерес и да се замара и "работи на случајот". Доста беше губење нерви од моја страна. Нити е заслужено, нити вреди.