Кеј,
Денес сум расположена за излегување низ град и за пиење. Одамна се немам зачашкано со некој, па да паднат секакви муабети на маса. Ваљда ќе си најдам друштво до вечер за конзумирање на алкохол и онака утре нема да пикникувам никаде, пошто 99 посто ќе врне. Уште да најдам место каде што чашка ракија не е 60+ денари и таман ќе биде. А бе се оставив од пари за ракија по Скопјево, криво ми е дури.
Туку имам уште една дума. После 12/1 по полноќ, кај ќе ја дотрошувам ракијата од мене? Што работе, што е отворено вечер, до кај 3-4 саат сабајле?