Ете така, се сликав што се сликав за ЛК, сега може да се истрижам тројче и да ја избричам главата пола како што има фриз секоја втора. Бонус да пресадам кожа на показалецот зошто имам лузна и сум out of the system
Прашуваш на информации на каква уплатница да платиш, таа таму ти вика „А?“
Oк, знам дека генерално гледано со мањак хромозоми се тие што работат по такви места ама дајте бе малку луѓе заинтересирајте се за струкава што ја работите.
Вчера 20 минути откако ти пишав пак ме викнаа на работа, во 11 се вратив и едвај станав сабајлево. Среќа денес слободен ден ама доаѓа крај на месец што значи дека набрзо ќе треба да гасиме неплаќачи (а срамота е какви име фирми се главни неплаќачи на смешни суми) и после 10 минути ќе ти се јавува да ти дроби како тоа да му дадеш уште 2 дена, дека ќе плател, цимолат, плачат, пцујат, се ова во едно. И после Словенциве не ни веруваат како е можно да не плаќаат, па нормално, во Словенија пусти срам ќе ги пукне ако не им платат, никогаш не ни биле во стање да се караат таму за такво нешто.
Ајде идам да легнам сега пак
