О малдост моја... а кого овде го интересира пак за мојата младост,а толку многу сакам да ти пишувам баш за неа,
о младост моја... па веднаш ќе почнат доврлувања, овој одлепил скроз, или изгубен во времето или што уште не...
о младост моја... а пишував за гуштерите на Кале,рибарницата во Еврејското маало,паркот кај бившата ЦеКа или за кино џабе.
да ама до сега не сум ти ни спомнал дека јас му ги пишував на татко ми домашните работи-задачи. Баш така да си знаеш.
Такво беше времето јас во оснонво училиште Кирил и Методи во Пајко маало (го завршив при крајот на 60-тите год. од минатиот век)
а татко ми во вечерно училиште го завршуваше основното образование -поточно осмолетка,бидеиќи тогашните се рачунале до тогаш за учени т.с. писмени со завршено 4 год. школо, ама на Лазо,Блаже,Никола или Љупчо им текнало дека треба сите да имаат бар 8 одд.
па така и јас и татко ми одевме во исто време во основно училиште и затоа нему потоа му се чинеше дека уште 3 год.занат ми е доста.
И така бидна си останав јас цел живот со тоа КВ, а дури потоа увидов дека и оние што завршиле ВСС,не биле попаметни од мене,туку имало кој да ги шиба,а посебно сите директори кои ги поминав овие 40 години.