Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.635
Поени од реакции
31.850
Кајгано, абе ти си имала премногу фанови на играва Silent Hill, или ај да не грешам и да се изразам поопшто, познавачи, запознаени со нејзиното постоење :D

Јас пак си реков дека со wot, Werther и чат пат некој по пат, сме единствените завлезени во то чудо.

Али друг ми е муабетов. Како бе ќерата од толку народ за играта, никој да не се вклучи таму кај шо треба да се вклучи, а то е темата за музиката од играта :D
Абе колку само прекрасна музика има играта. Или пак можеби јас сум премногу чкљ отштрафен што дури играв и се расшетував барајќи клуч низ тоа темнините и собите мрачни, свршував во миговите кога ќе чуев нешто од Акира Јамаока.....

Прилеп времево е сосема Ок, уствари кој го видел, така тресам од памет, денес на ниту една минута не сум излегол, па макар и на балкон. Демек читам, демек гледам в компјутер, демек тресам по некој цитат на китапот, демек овде теми отворам за Sonic Youth, демек настапи од вчерашната свирка на Блок Аут гледам, демек се думам вечер дали да го гледам Faust од Ацкиот од 2011 или Revanche. Или пак и двете. Ајде како и да е, се надевам нема да ме фати дремка па да не гледам ништо и то.

Слушај песнава т.е пази силно.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
ДК...

... нз од кај ми дојде мислава али...

Дур сите се жалат за маглата седејќи во топлиот дом пред компјутер, пиејќи жешко чајче, завиткани во кебе... како му е на некој бездомник у моментов?
 
M

Muranyi

Гостин
Толку е ладно, што политичарите почнаа да шетаат со рацете во своите џебови.

Него ај што џаболебарам вака касно и никој нема корист од мене во моментов,решив сам за себе да си бидам корисен. Ми текна дека сега му е мајката за бизнис со маски за заштита од ова смоговиве по Скопјево. Не верувам дека само зимово ќе биде проблемов, ова е нешто со што ќе мораме да живееме во иднина. Најтежок е првиот милион, после е лесно. Ариведерчи сиромаштијо.
 
Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.443
Ај да чкртнам нешто...

Има многу за чкртање, ама ме мрзи сега...

Термостатот е проблем... уклучува 2ра перка, а тоа е веќе загрижувачки :D Аааа тата ттататата киикиикики :D

Ееееееее се смеам ко мрднат на некои фрази што сум ги пишувал тука... :D

А: Што правиш брат, како си ?
Б: добар
А: Утре вечер ќе идеме ли кај кумата ?
Б: важи
А: Епа јави и се договори се, да знаеме што како..
Б: ок.
А: Абе, ме виде ема прееска и те поздрави, рече да и се јавиш.
Б: :)

Тоа е таа комуникација:vozbud:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.724
Поени од реакции
13.463
Passed down to you...
yeah, ти форуме што читаш...
Мразам вака што се обраќам бидејќи деновиве некако се` послабо и послабо те отварам, но жалам што ова ќе ти го кажам, а тоа е дека стануваш се` подекадентен и подекадентен. Во апсолутно повеќето сфери, но најмногу во сферата третирање на форумџии како и истакнување на истите поради таквиот третман. Поголемата застапеност во стилот на некој ретардиран испад како копирање на стил на пишување заради играње курташак, како и упорно правење на истите грешки пошо нели тоа е широкоофатено од масата тука nowadays (ко за пример секоја дебилна тема има по 10 страни а членот си ужива инстант популарност и егобуст) итекако се имаат всадено во форумов ако не и длабоко во него. Не сум некој носталгичар по старите добри времиња, но тогаш се имаше мера. Се имаше мера и кај „најдебилниот член“ кој отвараше теми и пишуваше „фараонски“ постови. Никој не може да ме убеди дека кајгана има 40 000 члена. Пошто очито е дека нема. Ваквиве дупли и по милион пати регистрирани членови кои некогаш ја градеа кајгана како подобро катче за дискусија се истите тие кои ја водат во бездната на декадентноста. False accusations? Big deal, вака и онака нема место за дискусија сериозно да се сфати проблемот.
Имаше peak моменти кога се имаше еден вид на затишје и беше ок да се егзистира и пишува но како одминува времево се` поретки и поретки се таквите моменти. Станува загушено од идиоти, тролови, недозреани средовечни луѓе. Компетитивноста кој ќе напише подебилен пост е се` поголема. Не зборам за одредени теми. Зборам за сите. Секаде.
Затоа и губам желба да пишам некое мислење. Губам желба да си го искажам ставот. затоа што знам секогаш има некој зад аголот кој ќе пише нешто дебилно за кое 30 други ќе се нафатат да дискутираат. Се лови во мутно. И се чекаат исклучиво таквите морони да се искажат. А после тоа се шири како чума. Нема сестраност.
Ова не значи целосна моја резигнација од тука. Едноставно сакав да се издувам малку, чисто онака информативно.
Love
Saladin
 

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Драга
Остарев пребрзо? Станав пресериозен? Премногу реален? Зошто едноставно неможам да уживам во животов и да живеам како и сите други, без да се замарам?
Како да научам да верувам на луѓето, на луѓе на кои од се срце сакам да им верувам....:unsure:
Побудалувам? Во главава ми е чорба, телото не ме слуша како што ме слушаше, 14ти ден од кето, во 14 дена само 450 грама ориз и 150 грама грав од страна на јаглехидрати, кофеин преку 350 мг секој ден срцево мислам дека ќе ми прсне. Мислам дека ќе побудалам, остануваа уште 7 дена мачење, али ако не стигнам до степенот што сакам за казна ќе си дадам уште 21 ден и тоа да биде казната уште поголема во период од празници кога има изобилство на трпезата од секакви јадења, заслужена ќе биде поради што сум идиот.
Песнава ми се врти цел ден во глава, бев основно или средно кога прв пат ја слушнав, а од пред неколку дена повторно во плеј листата.
 
Член од
14 март 2013
Мислења
2.875
Поени од реакции
8.678
Излегов во петоко да купам леб и се прибрав пред полсат. А мислев дека ништо нема да го надмини легендарниот викенд од 2007ма. Мислам дека е редно да поспијам до кај 2014та.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.916
Поени од реакции
11.285
ДК
Петата на Паласио го комплетираше овој прилично убав викенд, па и цела седмица, една од поубавите во последно време.
Среда беше дан за метак во мојот случај, не Петок. Заглавување на работа од 08:00 до 21:00, па трчање да се постигне на три места до крајот на вечерта, вечера во бисер, слава кај другар и роденден кај другарка. Chapter accomplished and closed.
Четврток, слично заглавување на работа, па слава кај тетка ми.
Петок, Архангел со кајганџии што не ги знаев, добро друштво и ок концерт.
Сабота, на ручек после работа па после поминати поприлично квалитетни часови со една личност.
Недела, конечно наспаност, излежавање по дома и следење на италијанското дерби, со победа на мојот тим.
Покрај тоа што се утепавме од главење на работа, бар вечерите беа солидни оваа недела. Маана е што стигнав само двапати да ја посетам вежбалницата.
За неколку часа повторно мазохистичко станување во 06:20 и почнување на работната недела.
Damn, вакви описи не правам али неделава заслужи :)
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Драга К,

Како и секогаш секој код морам да го гледам но овој беше поинаков, код кој ми ја отвори раната и како да ме додаде пепел имено овој код ме потсети на еден период кој во мојот живот е обележан како црн. Во едно утро кое го дочекав со радост поради фактот што за прв пат добив внука и станав вујко каде што бев среќен, среќа која траеше само една недела :( после само една недела драга К, за една најобична работа ја однесовме внуката на лекар тие одма ја ставија во еден проклет апарат стар кој се нарекува инкубатор седеше само три дена за на крај да ја примиме веста дека мораме под хитно да ја носиме внуката во турција поради тоа што може да ослепе и рокот е само недела ипол а истата операција ќе кошта 15 илјади евра. Можеш драга К, да замислиш за 6 дена од сите можни работи собравме пари и сите останати работи ја однесовме во турција каде што само ни кажаа дека била ослепена 90% во Скопје сеуште, џабе само е донесена бидејќи операција џабе ќе била изршена. направена е операција но безуспешно. Драга К, дали го знаеш тоа чуство каде што министир се возат во коли од 30,000 евра за нивните газови се даваат огромни пари а мојата внука е ослепена поради неисправен инкубатор? дали знаеш како е чуствотото кога државата индиректно ќе ти го одземе чуството на среќа,радост и се останато? Верувај незнаеш, не го знаеш тоа проклето чуство кога знаеш дека имаш слепа внука само поради еден неисправен апарат кој ти одзел нешто највредно во животот. Дали знаеш кога веќе порасна 3 годинки кога треба да објануваш како изгледа сонцето,како изгледа едно дрвце со листови, природа? дали го знаеш тоа лошо чуство и тежината на душата? Се чуствувам лошо премногу лошо само да може министерот да ослепе барем на 1 ден да види како е да си слеп кога цел живот ќе бидеш без светлина без очи што би се рекло. Огорчен сум од оваа држава од ова проклето здравство кое нема ни З од здравство. Драга К, дали си помислила ти како им е на оние жени кои живеат во најлоши креави во Македонија? дали знаеш како е кога треба да патуваш по 30-40 км за да стасаш до болница и плус тоа болницата не ги исполнува условите за пораѓај? Јас не го знам ниту пак сакам да осетам но знам сигурно има жени кои со сите маки донеле на овој свет детенце а јас се замислив дали навистина мојата идна жена треба да пораѓа во оваа проклета земја која на секој начин ќе гледа те уништи и понижи каде стигнавме на дереџе на мизерноста. Навистина мизерно. И после ќе ги гледам оние иронични реклами за трето дете, не абортирај и сл. После девојките биле криви што не се одлучувале на брак, и да проширување на семејство па како ќе имаат семејство со ваква мизерна држава?

 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom