Драга,
Полагам утре, јас ни петтина од материјалот немам поминато.
Уво не ме боли.
Првиот што го полагав, ако го положам, ќе биде заслуга на тоа што останало во глава од претходните години и здравиот разум (ненаспан) на полагање.
И не, ова не личи воопшто на мене.
Една работа што не може да се каже за мене е дека сум рамнодушна. Зошто скоро кон ништо не сум. Тие што ме нервираат (намерно), знаат убаво дека ме нервираат, не ни можам да не ги регистрирам, напротив, уживам кога ќе ги испердашам. Јас никогаш не се закачувам прва, не ни сакам да ме замараат, зошто тоа не го трпам. Плачам на глупости, се смеам на глупости, се нервирам за баналности. Не сум рамнодушна особа.
Ме има фатено некој период, дали оти стално си враќам некои филмови, дали оти се осеќам на моменти ебано осамено и ми е гајле за се друго, не знам.
Единствената работа што сакав да ја направам вчера, а и денес, е да го гушнам брат ми. Само него сакам да го гушкам, колку да гушнам некој, од милост бе, за да не се осеќам нехумано, колку да видам дали има уште некоја емоција во мене.
Но не, и тоа ми е скратено и не може да се случи моментално.
Кога ќе ги прочитам некои од лиглава на форумов, како им смета брат/сестра, а јас не го гледам по месец и повеќе, сакам дедо Боже да мавне цигла и да биде прецизен.
Слушам жалби за мочани 26 дефиниции кои требало напамет да се научат, а истите ќе ти се паднат на полагање. Тоа ти е вредно за кенкање? Да не треба жал да осеќам? Тоа ли е ебан проблем во животот?!
Сериозно сега ќе фатам книга, пола материјал ќе смачкам до вечер. Не ради мене, оти мене ми е гајле за мене, туку само ради една особа што највише ја сакам на светов, која верува во мене и која не сакам да ја разочарам.
Ми е гајле и за ебаната Нова Година. Среќна Нова!