Драга,
Мрзата ми помина. Заспав. Од умор, од мизерија, од тоа што поарно беше да заспијам, отколку да си ја тупам главата пак и пак.
Не можам веќе да се замарам, не за се, не за секого. Никој скоро и не заслужува, сите можат да испоцркнат во ист момент, што се однесува до моето расположение во моментов.
Не заслужив пред некој месец, не заслужив ни сега. Нема ни утре да заслужам. Ни денот после утре, ни по не знам колку време. Али не знам зошто ми се случува кога не заслужувам. Изгледа во претходниот живот сум направила тешки срања, па сега си ги плаќам.
И боли многу, тоа да ти кажам уште. Али уште повеќе ќе боли по една, две, пет, десет години, кога би утврдела дека сум била цела време во заблуда.
Ништо не ме интересира, искрено. Како што тргнало, баш ќе станам бесчувствителна кучка, за каква што тие што делумно ме познаваат мислат дека сум. Гази кај што можеш, заеби кој стигнеш, користи кај можеш, без око да ти трепне, зошто спротивната страна ќе го направи тоа.
И уште поискрено, доста ми е јас да бидам таа што е повредена, таа што се жали. Нека си ебат матер.