Алчност, лицемерие, тоа се основните карактерни црти на речиси целото наше опкружување. Зар дојде време кога лагата е вистинската страна на реалноста, а не другата страна на чистата и едноставна вистина? Мојот здраво-човечки разум не може да разбере како некој го избира лицемерието и ужасно страшниот товар што истото го носи, наместо искреноста, која колку и да е понекогаш сурова, сепак далеку полесна за совеста.
Огромниот багаж од подлоста упорно се влече по лицемерните, не оставајќи ги никогаш мирни и спокојни, туркајќи ги во длабочините на своите бесмислени лаги, од каде истите неумолно се обидуваат да испловат, но јазолот кој ги врзува за нивниот товар е премногу цврст за да ги ослободи. И така страдалниците го продолжуваат својот живот со една длабока трага која ја остава товарот кој го влечкаат по себеси низ пустината на недовербата.
Од другата страна на таа пустина пак се наоѓа искреноста, вистината, кои онака чисти и невини ретко се одбрани за придружнички, бидејќи често со себеси носат болка, неуспех и солзи.
Најдете се себеси во средината на пустината и кажете ми, ама навистина кажете ми, по кој пат би трганале во животот?!
Зар сметате дека придобивките на лагите и лицемерието кои не прават уште повеќе алчни се послатки од мирната совест која ни ја носи вистината?
Луѓето замајани од мирисот на парите се подготвени на многу подли нешта, подготвени се да стрелаат директно во срцето на кралицата на чесноста. А таа, беспомошна, со сè помалку приврзаници околу себе останува речиси сама во нејзиниот запустен дворец засеан со доблест, искреност и чесност.
Во свет во кој владее разврат, нечесност и алчност сепак сакам да видам една светлина за која верувам ќе осамне како нов ден и ќе го побуди кај луѓето чувството на реалноста, ќе ја избистри матната слика која испарува од лицемерноста. Мислам дека сепак постои барем трошка надеж за продадените души. Како зрак од сонце ќе продре до најдлабоките невистини, мрачни тајни и изопачени мисли, ќе го разбистри умот на секоја барем малку разумна личност и ќе направи секој од нас барем на кратко да се почувствува за нијанса подобар човек.
Јас живеам за тој ден, јас живеам во свет полн со надеж!
Повеќето треба да научат дека со лагата прават на себе си лошо не само на другите. Вистината секогаш победува за се ! Веќе искрено кајгана ми се смачи од лицемерни луѓе преку глава ми се дојдени. Секаде само штури фаци гледаш како да им умрело се во фамилија како да си му најголем непријател. Те гледаат низ она имаш или немаш пари другото не е битно, но битното е што таквите луѓе никогаш ама никогаш нема да ги научат вистинските работи во животот. Само ќе го цитирам нешто: БОЖЕ ПРОСТИ ИМ НЕЗНААТ ШТО ПРАВАТ. Друго дојде време кога човек не може да им верува на ти е од фамилија абе богда чува

Секако Доста работи ме направија појак и поцрврста личност да бидам од порано едноставно многу работи научив и со тек на време си ги применувам едноставно се знае не верувај на секој збор. тоа е прво и важно правило.