Драга, го читам форумов секој ден, али се осмелив да се најавам, и да ја напишам мојата тага во кратки црти, бидејки знам дека ти, сигурно ќе ме разбереш.
Иако не те знаев многу време, сепак, чувствувам како да те познавам цел мој живот, те чувствувам како брат, те сакам како брат, ми фалиш како брат, иако ретко се гледавме. Дур сега сфатив, дека луѓето се ценат, откако ке заминат. Но тоа е..
31, Мај, се деси она што никогаш не би го замислил. Но сепак, се случи. Замина, не облеа во тага, плач, не остави овде, да не можеме да ги склопиме очите навечер, барем јас, тешко спиев овие ноки, иако не те познавав доволно, а те чувствувам како роден брат. А се прашувам, како ли им е на твоите најблиски, од семејство, роднини, па се до твоите најверни другари. Што ли им направи, ни самиот не можеше да замислиш. Вчера ги видов, сите со надуени очи, како да биле на некој фајт, и добиле тешки нокаути, сите до еден. Од тој ден, веќе ништо не е исто. А имаше само неполни 20 години. Животот беше пред тебе, а сега, тој е зад тебе.
Дур ова го пишувам, солзите ми се наполнија со солзи, и морам да престанам.
Незнам кога ова ќе престане, но мислам дека ќе трае. Кога ќе застанам да се потсетувам, ќе налета некоај слика пред мене, ќе налетам на некој статус на социјалните мрежи, посветен на тебе. Ќе налетам на некоја слика, од твојата младост, па се до твојот последен ден. Многу слики со тебе, но беше добро дете.
Ти не го заслужи ова.
Мислам, дека е доволно, бидејки, сум многу емоционално слаб, на вакви ??....
Се извинувам, можеби не е за овде, но некаде морав.
31.