Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
S

stereo m'c

Гостин
Драга хау ар ју ?

Драга бело око мене све је бело улицете, дрвјата и колите све е во бело...најубаФо е само за шетање по пустиве улици, ти драга што правиш јас пред некои 40 мин се прибрав дома бев до горчено да се едуцирам малце мислам дека нема да биде на одмет и моментално уживам во мојот топол дом па се мислам да гледам некое филмче па да поучам уште малце. Драга дали би сакала да ми кажеш како ке биде викендов мислиш дека ке биде лабаво или ке пука. драга моментално слушам една песна од нови албум на еминем многу е јака треба да ја слушнеш ке ти ја постирам на онаа твојана тема мислам дека долго ке ми биде хит на деновите море не не нема да биде хит на денот ке биде хит на месецо :helou: драга ам биси ју ар агли хев а најс деј

стерео мц оувер анд оут. :salut:
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
Драга,

уште малку, а почнувам да трокирам. Не ми се бендисва некако


†GODLIKE†
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Драга,
јас во суштина мрзам снег. Не можеш нигде да идеш, све е смрзнато (или раскашавено), убав е 15 минути додека паѓа, после станува одвратен, подмрзнува, треба да одиш како пингвин, да возиш како пензионер и да се наоблечеш како во животот јакна да не си видел па сега се радуваш на најдебелата јакна што светот ја има измислено.
Значи, покрај тоа што го мразам снегот, последниве два дена од време на време ме фаќа мигрена. На две-три минути и ме пушта, само чекам да ме тресне деновиве.
Татко ми ко мало дете тера инает, му рече мајка ми да расчисти нешто и он зема во полноќ да раскрева, и притоа, нели, што повеќе може да треска, шушка и произведува звуци од најразличен тип. Зема бе корнизи да префрла! :tapp:
Идам да го васпитам.
Биди си ти така.
Н.
 
T

theTinule

Гостин
хахахахаха леле незнам зашто се смеам. смејо-манија ме фати
ми се спиеше цел ден! вчера у 5 заспав а сабајле у 9 ипол аида ме рабуди ми ѕвонеше на телефон кај сум била зашто не сум у школо..бев со неа договорена да вежбаме клавир демек да и покажам..добрааа! се убивме од вежбање! ауу незнаеш! да видиш нема да ти се верува! у 10 и нешто ми почнуваа часови па среќа и текна да ми се јави саат време пред да почнат да имам време да стигнам...
денес сите мислеа дека сум замислена. инаку спиев цел ден и тоа со отворени очи...на македонски да видиш каков сон сонував, дека професорката ми се обраќа и ме прашува кој бил гилгамеш, во која култура живеел, каква култура, ни оставил тој народ...и што беше најинтересно сама си ги одговори сите бе! и јас само...да да професорке. епови, поеми иии други, да! НЕЗНАЕШ! па дури да се разбудам! и се будам, трепкам и го гледам сонот!!! па ја дежа-ву доживеав!!!ауу што било после смеење!дури и професорката ми се изнасмеа! епа тоа ти е тино кога идеш на концерти преку недела и после ставаш слушалки и пишуваш текстови до 5 саат.
и од што ми се спиеше денес кога се вратив од школо лежев у дневна и пак сум заспала! и пропуштив на германски да идам а у понеделник полагам! како ќе положам ни самата незнам! а и реков на мама да ме разбуди. наместо мама, шехерезад ме разбуди! онур, онур, спаси ме онур! :tapp:
ајт мрш!:smir:

p.s.и песнава ја убив од слушање!
 
S

StereoLove

Гостин
Кајги...

Бело,око мене све је бело:pipi:
Ај батали песната.
Во брзање сум,мора да завршам некои работи.
Ама се плашам дека нема да стигнам на време:nesum:
Само сакав да те ѕирнам и да ти кажам дека те сакам многу.
Се читаме во подобри времиња.
Барем се надевам дека ке ги има.
Ме боли глаа.

Ајт чао:back:
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Кајгано...

Чеврток, досаден ден.

Ги кренав ролетните од канцеларија и решив малку да уживам во Снежната Слика на Водно.

И така до 11,00 после back to work.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
К.

Зошто се разочарувам?

Зошто неповратно верувам дека луѓето се фер, искрени, праведни, а во суштина се кретени, шлајмови и слично.
Сакам да се откажам.
Сериозно.
Подобро да спремам едно CV и да се стремам да остварам некоја стабилна работа што ќе ме мотивира, отколку да си кршам глава со недокваканости.

О зошто.
Епа така.
Зошто животот е гомно, тоа одамна заклучив.
Само е забавен некогаш да го живееш.
Ај чао сеа.
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Honey ми требаат некои обични работи,нешто секојдневно да ме исполни.Сите бараме новости и специфичности,не живееме,само позираме едни пред други...јас заборавив дека очигледното ме возбудува,а ништо не превземам во врска со тоа-најтешко е да не се превзема ништо...и не знам што сакам.Затоа што не сум приморана да донесам вистинско решение се мафтам наваму-натаму со празен мозок,а поради тоа и оние работи кои знам дека не се можни мене ми изгледаат возможни :jaj:.
Треба некој да ме напика у ќош,да ми стави нож под грло за да се одлучам конечно што понатаму.Знам,мојава нерешителност е бедна,ама барем да знам што сакам да постигнам ќе бидам поприбрана ама јас ни тоа не го знам.

Кој рече дека добрите луѓе се здодевни :icon_eek:? Мене не ми се,обожавам да бидам со нив,умеат со леснотија да разговараат за било што.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
К.

Снегов...
Ќе му се јавам на Гоги,во шо посокоро време да го снемат снегов зш него имат да го немат.
Сега наместо да ти ги пишам глупостиве,требаше да сум на подобро место,ама не сум,ради снегов -.-
Ак не скршам денес некоја нога..

к1$
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Драга Кајгана,
денов ми е детски радости.

Не спиев многу, ама незнам зошто, уште кога станав бев невообичаено расположена. Отидов во школо како на гости, цел ден го преседов гледајќи тенис, и почнав да читам книга што одамна ја барам.
Сега смрзнувам, едвај ги движам прстите, настинувам и ме боли грлото, и тоа сама си го предизвикав по цена да се гаѓаме со топки снег и да правиме Снешко <3

Детален опис? Були Були! И денес плус носев црвено капче и црвено шалче.
Најбитното е што имам некое многу добро претчувство. Не е нормално како ми тргна во последно време. Штета, требаше многу порано, ама ако, и сега не е лошо.

Никогаш не мислев дека толку ќе го засакам снегот.
Штета, сами си ги уништуваме понекогаш среќните моменти со сопствената глупавост.
Ама ако, поинтересно е така.
 

Smile=)

културно-вулгарна
Член од
13 октомври 2008
Мислења
510
Поени од реакции
27
К.

Најдолгиот ден од мојов живот.. Неможев да седам у школо а + глава ме боли..:jaj:
Синусиве пак ме ебаваат..

Се тешам со фактот дека утре е петок..
Го мрзам компјутеров.. кај и да е ќе цркне а треба проектна да праам:tapp:

I remain silent about things that matter..

Поздрав со I hate days like this..

Насмеаната:back:
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Драга

Ај нека се стоплува.Доста беше снег и минусни температури и твоето движење да е обавезно проследено со сто кила облека и попатно мрзнење.
Доста беше нели?
Ај ургирај нека се стопли.Фала ти пуно.

И да уште сум онака болна и тапа ми е ...
А коа сме кај тапа ми се ближи и почеток на втор семестар.
Ај ја рипам темава осетлива сум.
Многу ми се уарни одморов
Али това ти е...
Идам да се топлам.Ладноо ми еее

Ајт
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Кај е квалитетната дискусија?
Каде се дискусиите со квалитетно контрање и докажување на тези и теореми?
Каде се старите паметни членови?
Зошто никој нема сопствено оригинално и уникатно мислење со свој уникатен стил?
Тапа станува кајгана.
Фали едно Драга кајгана на почетокот но ме мрзи да го стаам.
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Нано
Знаеш ли дека ми избега мислењето.Се сомневам дека некој го киднапирал.
Не озбилно.Го мразам денов, го мразам периодов, мразам што врне снег, мразам што не ми текнува ни една логична реченица без притоа да се побијам самата себе, мразам што не сум пиела кафе неколку дена, мразам што и денес го изгубив цел ден без да правам ништо, мразам кога некој се прави паметен и нешто што прочитал во весник или слушнал на радио го нарекува свое мислење...многу ставри мразам очигледно...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom