Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
Лицемерие и лечење комплекси на тони...Што да правам...
Аууу Блонди мааа.... немој мене жифти сфе :) Жими Мајкл те мислам!!!!
:pos:

Драга Кајгана, само да пишам дека сум ОК, еве денес направив опасен шопинг преебав преку 200 долари. Ама си купив adidas за трчање у кру-џим. Маички FILA (пред 10тина години цела гардероба ми беше ФИЛА, и сеа кога видов тука у една продавница не можев а да не ја купам), маичка Barca. Чаши Transformers за внук ми. Кркав лобстер-пица. И купив уште неколку стварчици, да не ја должам :) Следниот пат у шопинг уште пожустро :))))

Иначе на брод досадно, почнува да ме фаќа депресија по малку. И то...

Уствари не... девојчицата што ја сакав мноооогу, мноооогу, многу почна поредовно да ми пишува на ФБ. Неверојатно е како парите го менуваат човека :)))) Одеднаш станувам згоден :pos:
 
К

Кики.

Гостин
Драга,
мразам правење филмови и глума. Значи, ништо не ме вади од такт како тоа и нормално, за инает, само мене ми се појавуваат такви луѓе во близина - Па, не можам веќе! Имам уште 28 дена... Време во кое конечно ќе одлучам што ќе правам. Да можев да давам Оскари, ќе доделев по најмалце 2/3 во секоја категорија.
Убав совет добив, ама ај иди спроведи го. Срце не ми дава, односно ми дава, ама не ми се ризикува. Глупа работа...
И уште нешто: Ние многу пропуштаме од убавината на нашава земја. Каква убавина имаме, не знаеме да ја користиме, а уште помалку да уживаме во неа.
Еве ти една страшно добра (Маските треба да бидат сместени во театарот и операта, а не во вистинскиот живот):
Поздрав!
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.045
Поени од реакции
24.813
Како бре да се адаптирам на толкава количина лицемерие што го гледам скоро секој ден пред очиве? Не можам бре, не сум способна...За тоа треба надарен да си или што знам...? Денес добив совет кој гласеше - биди фина ма, опуштена со сите, умилкувај се, најдобра биди...Како да бидам таква со некој кој со дела ми покажал дека е искварен и дека не ми мисли добро...? Да глумам дека го обожавам и да излегувам да шетам со таквите...? Тој што вика дека е во добри односи со сите околу него , тој е крајно лицемерно и злобно копиле според мене...
Лицемерие и лечење комплекси на тони...Што да правам...
Мила слушни ме сега. Знам дека ќе те напаѓаат и тука и вон форум поради една единствена причина-искрена си. Јас од друга страна каков сака нека е човек, секогаш имам доза риспект према него кога е отворен и не е позадигрб педер. Во право си, премногу лицемерие има а знам дека ти го имаш вистинското лице. Еднаш реков дека ќе ми бидеш инспирација за многу мои постови и сеуште го мислам тоа. Се додека си искрена од мене имаш поддршка да бидеш тоа што си. Остави ги кучките кои глумат хуманизам и толеранција и некои модерни теории а позади грб те оговараат и ти завидуваат и џавкаат како квачки. Кај тебе-What you see, is what you get, без финти и скирени трошоци. You go girl!
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.373
Поени од реакции
4.904
Се ми е глупо, се ми е банално.
Треба да пафнам нешо..
Btw кузнај шо си мислат кајганџииве, кузнај колку трева пушам. Е не пушам воопшто.
Аб е кој ве еби.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Хај!
ЈАс сум една од ретките жени која шопингот ја фрустрира!
И многу се радувам кога ќе си најдам облека за пристојна цена во првата продавница. Вчера бидна тоа, па ај ем фриии!

Читам и не можам да се начудам. Тие денешниве машки многу свилени! Се им смета! Де како јадела девојката, како се смеела, како зборувала!
И се чудат што се со таквото у рацете...
Дури на моменти се прашувам кој е машко кој е женско. Јас намерно носев една кошула која имаше конец. Ако покрај мене цела, прво ќе го забележат конецот, тогаш ништо од муабетот.

Наскоро паувам па мојто либе ќе може на мира да чита органска хемија за шпас и да си ги слуша на раат Џој Дивижн, Свонс и компанија и на вториот ден да му фали друштво за пијанење и за смеење на таа ми ти сериозна музика.
Веќе е август, па...
 

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
Драга,
многу сакам кога после име отварам во фрижидер и гледам 6 7 неотворени шишиња сок.

има да ги нема за 2 дена.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.707
Поени од реакции
13.379
Passed down to you...

Oh what a day... what a day.

Ги испратив гостите... Што да кажам ќе биде излишно. Го ценам секој момент поминат со нив... но времето си тече и свему доџе крај. Се надевам, прекрасните спомени нема да исчезнат тек така.
Шо се тиче понатаму дешавки, си се обидел ли некад да планинариш во 00 часот? Ништо пред теме само морето, карпите и месечината. Преркрасно чувство.
Се приближува роденден. Ама више заборавив да бројам. Неам доволно прсти. У курац више.
So says Saladin
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Исрено се надевам дека вреди, but that seeing pained like hell. Не сакам веќе да гледам такви идиотски работи. А иам најава за уште. Исто така, помислувам и дека претерувам, што е сосема спротивно од другото што го чувствувам. По малце скренувам. Ако одам во лудница, се надевам дека ке ми дадат интернет.

Иначе, една банална желба ми е исполнета. Несакајќи видов. Иам уште една таква идиотска. Ама ке биде и таа.

Заспав во 2 и нешто, и еве ме, 4-5 саати подоцна, го пијам огромното кафе од вчера и читам досадни вести, а цело време мислам и ја сонувам една манипулаторска игра.

Не сакам манипулаторки, иако сум една од нив. Не треба да се лутам на некој што има иста цел како мене. Треба да ги оправдам, оти совршено ги разбирам. Ама играта е поважна сега. А јас ја добив, и тоа без допинг.

Гледајќи во црниот талог од кафево, гледам што ке се случи. Изгубени, пропаднати надежи. Работи видени со вистински поглед, работи кои така погледнати, ке сфатам дека не вределе воопшто. Гледам огромни градби, дел без темел, дел со толкави дупки во себе што се климаат на секој ветер. Градби кои паѓаат. Прашина од која се гушам. And yet, сеуште градам.

Колку сум негативна уште сабајле. А баш дененска би требало да бидам насмеана од 6ка до 6ка. Поточно осмица, онаа која минатата недела ми порасна. Ама ете...
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Драга, едвај чекам да му ја летнам на сонце едно петнаесетина дена... Ситно, ситно! Ај уште некои 80 часа ;)

 
Член од
3 август 2012
Мислења
431
Поени од реакции
1.012
У гости имав еден роднина од странство.
Почна некој угостителски бизнис таму, па се преселија фамилијарно, и сега се прави дека заборавил да збори македонски.
Знаете, со она ааааааа...мммммм... - измеѓу зборовите како да одвај ја наоѓа „правата реч“, за да го разбереме.
Ами ние тука трава пасиме.
И така „Германецов“ расправа за тоа каков луксуз тера, абе без срам. Добро, не треба на човек да му биде срам да се пофали дека живее убав живот и може да си дозволи, ама кога ќе ставите доза на потценување зјапајќи у завесите и тепихот додека го кажувате тоа, делува као да домаќинот ве донел у штала со кравите, а не у куќата да ве угости, да ви свари кафе и трпеливо да ви ги ислуша усраните муабети.
Како и да е, ми скурчи неговата „современост“ и „напредни сфаќања“, а најмногу од се ми скурчи неговиот извитоперен македонски со додатоци од тврдото потфатливо „р“ и њуцкање на секој збор, па собрав храброст и со мојот просечен, да не речам страшно низок германски му сврзав пет шест реда муабет, чисто од сарказам, за да сфати дека не сме паднале од Марс.

И замислете што следеше во продолжение на муабетот? Не, не можете ни да претпоставите.
Ќе му дошле пријателите од Немачка, па ќе му било срам да ги донесе тука, оти ако виделе кај живеел претходно ќе помислеле дека ако не се преселел ќе бил вака заостанат.
Друже види, ние јесте дека сме два милиони, ова е едно големо село, јесте дека будали ни ја вртат државава, и дека секој глупан завршува факултет, ама немој да заборавиш дека ти си еден од сељандурите кои факултетот го завршиле без да имаат појма шо уствари студираат.

Кога е човек изгубен у свемиров, се му се гледа просто, а најтужно е што мисли дека до таа глетка стигнал баш дека е надпросечен и паметен.
Му посакувам да си замине што побргу и да не се врати, да се удави у мирисот на Нутела заедно со неговите размазени деца.
Знаете како мириса нафицкан и исфорсиран господин, нели?
Колку му се бели забите, какви дебели прсти има, и каква му е насмевката.
Не му завидувам, напротив, ако он се лишил од простотилуков тука, јас бар не сум се лишила од љубов, пријателчиња, и скромно чајче у ќесичка за кое треба само да зовриеш вода и да ропнеш две лажици шеќер по вкус.

Можеби и ќе ми беше малце криво ако на бели фармерки у сред лето не опнел сандали со ремче кај палецот.
Тука му лежи цела Македонија.

Чус!
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
У гости имав еден роднина од странство....
Е и јас имав слична ситуација пред некоја година кога братучед ми од Њу Зеланд дојде да ме посети во мојот прекрасен македонски град Куманово. И викам ај ке го водам у мојот омилен кафиќ кај што седам свакодневно у случај да сака да запознае некоја девојка и да му направам кејф со такви работи нели како што треба да се дочека братучед кој е 2-3 години помлад од мене, со жени и со алкохол и со џоинт, нудиш све што можеш да понудиш.
Арно ама он уште кога излеговме почна да ми го тупи за тоа како сме дозволиле све на Албанците они да земат, како се шетаат они и се мешаат со наши... и толку многу почна да ми го тупи по патот за етнички ствари, што не ми даде простор ни да спомнам за културно-забавниот живот во градот. Не ме ни праша што правев јас изминативе 15 години, не ме праша ништо, а јас него сакав да го прашувам многу, ама ме предомисли, уз патот ми текна да го водам баба му да ја посети. Отидовме тамо, поседев 4-6 минути и му реков одма ке дојдам само да се видам со другар. Појдов и не се вратив, не го видов од тогаш. Несакам да го видам нити он мене да ме види.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.373
Поени од реакции
4.904
Mi se pusi cigara i mi se pie pivo.
Mi se gleda film ama maka mi e da go gledam.
Mi se jadi ali ne mi se jadi toa sto ima doma.
...
 
Член од
3 август 2012
Мислења
431
Поени од реакции
1.012
Непродуктивно седење пред монитор,
вежбање со полу активен мозок и неактивни клетчиња,
посветеност на одредена работа.. Ете тоа може да ме излуди.
Толку многу што станувам клаустрофобична на сопственото тело.
Одам да вдишам од загадениоф и запотен воздух, да си грицнам две три парчиња од матново небо - и онака е нискокалорично, ем со очи се голта.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.373
Поени од реакции
4.904
Пари,пари,пари се опсесија..
Да се здрави и живи иселениците.
ИХААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААА
Сипај си.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom