Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
П

Пепси_

Гостин
со секое излегување од државата сваќаш кајги дека невозможното всушност е возможно и перфекционизмот постои.

п.с. воа омилено ми е оти сите се нервират "ти еам државата" :icon_mrgr:
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.996
Поени од реакции
12.574
Најчесто прашање кое го слушам деновиве е, и како се осеќаш сега? Џо сеанса на психијатар иам, не секојдневен разговор. Понекоаш ми пукат филмот. Како да се осеќам? Мислам кој е редоследот? Тагуваш, паѓаш, се креваш, те мава реалноста, пак паѓаш, ја бараш смислата на животот и дали воопшто вреди да се живее, времето поминува па забораваш? Или те следи до крај на животот? Дали сега стално кога ќе ме чеша некоја рана која зарастува ќе се сеќавам на тој ден и како и него го чешаше, па му рековме биди среќен, ако те чеша зарастува? Зошо неговата не зарасна. Или стално кога ќе видам војник кој го поздравува својот надреден во глава ќе ми се враќа сликата кога едвај ја крена раката, ама не поздрави?
Не сакаше да биде меѓу луѓе. Сакаше тишина и едноставност. Војнички воспитан, не веруваше во ништо. Стално се поздравувавме формално, никогаш не ме гушнал ниту пак сме имале некој длабок разговор. Ама боли. Ме боли сега што никогаш не најдов време за да го седнам на маса и да направиме асален муабет. Ме боли што не го посетував многу последните денови. Ме боли што тој ден не се вратив и не се збогував. Уште кога реков чао знаев дека тоа е последно. Ама требаше да се вратам. Знам дека и барем една минута ќе му значеше многу. Не му кажав ни какви планови имам за во иднина, не му кажав ни фала. Занемев. Имав толкава болка во грлото што едвај дишев, а камоли да зборувам. Си заминав со огромна тежина. Ми тежи и сега, ме боли, ме стега. Единствено ме теши фактот што се спаси од сите болки. Знам дека се надеваше дека ќе замине мирно, како што и живееше, ама испадна обратно. Мачен бил животот драга, ама уште помачна била умирачката....
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.373
Поени од реакции
4.904
Главобол - Такума Сато

И така сите весело се возевме со точаците,
длабоко низ на Битола сокаците.
Главобол, ме фукна во главата,
што ли може да биде маката.

Дали главобол се пиши заедно
дали нема да одам во затвор на монопол.
Дали Шесто Сенто е синоним на шестото сетило
и дали кога си бил џанак си шмркал лепило ?

Шпонгл ме навлече на убавина,
нешто слично како да сум јадел малина.
Главобол пошо на шумско овошје сум алергичен,
а сокот од боровинка на оној од капинки е сличен.

Вистината за главоболката се крие во песната,
таму некаде на крајот од земјата.
Во далечна ни Кина - домовина,
посветено за браќата Кирил и Методија.

Многу добар бев секогаш на Биологија,
но одличен по Екологија.
Никогаш не разрешив од каде главоболката,
али сигурно од каде доаѓа тревката.

Засади ја иднината и биди идол на младината.
За да нема вулгарности,
ќе се задржиме на медицинските новости.
Марихуаната не е дрога,
но се оди во затвор за тоа.

Песничка јас напишав,
пошо многу се надував.
Иако не знам кај терам,
секогаш од Ма-Ста-Пе ќе бидам подобар.
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
Д.
прво макарони се ставаат во тенџере да зовријат па вода или вода па макарони?? или вода воопшто не се става??? или макароните се пржат, не се варат? а ја сепак мислам дека прво се варат, па се пржат.....или не??? :eek::facepalm:
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Другар (зошто другар,еве да пишам,моја генерација четрдесет
и неке,така бевме воспитани Другар-господата дојдоа подоцна)

Види чудо оној АЦИД, ваш вработен таму во администрацијата
разбрав,море и со свој очи видов-го ставил АНЧО на профилот
што беља ќе е ова си велам,да престанам за некое време како
што и ми велат внуците по некогаш-Дедо ај доста дрндаш

А еднаш да ти кажам кога се уклучив сефте на комјутеров и оп
сефте на КАЈГАНА, тука и останав,не мрднав-не свртев др.страна
и што ми се деси (од што ги сакам многу,нели)прво или меѓу првите
коментари ми беше баш нешто за нив (оние што се по подрум де)
а јас ги викам и Ѕивраши,е темата беше нешто за палење знаме и
јас нешто напишав (ама малку лошо како што знам) за нив,и на мојов
компјутер ми се појави НЕ ЈА НАГЛЕДУВАЈ ТЕМАТА- се посрав,
стварно се посрав сакај верувај-сакај не.Тогаш и не знаев што е тоа
како и многу други работи,и си велам не требаше така да пишам,сега
ќе ми дојдат дома и ме фати страв.Исклучив и комјутер и струја и
звонче на врата, легнав и се покрив преку глава.Стварно очекував
да стропат на врата и да ме апсат.Така не сум се уплашил ни за 300
земјотреси во ’63 г.(дури ме радувале,а стресе не пуштаа од школо)
Ама утре пак отварам Кајгана и сега ми текна ај ќе прашам што е тоа,
што значи и прашав и останав жив.
Си ме исплашила за џабе Ј’зк.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Сеа најде да врнит бе Кајги? Види нешто среди работа со времево....
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Бидна и одморот драга, си добив убава боичка и после одам во град да си купам флуросцентна маичка за да дојде до израз тенот. Мх, мх, едвај чекам.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
МОРАВ некаде да се пожалам.

На Youtube заедно со Swans, Cocteau Twins и Joy Division, страната ми ја нуди Lana Del Rey како опција.

Нормални се овие????
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611

Ova sakam da se deshava narednive 3 dena.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Драга,
Имав интересен сон. Прво мислев да пишам во темата за сонови, ама речиси ми е познато толкувањето. Не сум опседнат со човекот, ама ете се случи на сон да ми се појави. Убив човек. И тоа не било кого, туку лично Драган Павловиќ - Латас. Се згрозив додека пробував да го прободам неговиот врат со некој остар предмет... Мислам дека не беше нож. Премногу напор вложив додека да ја пробушам неговата кожа. Откако предметот влезе во неговиот врат, понатаму беше полесно. Како да имаше меко ткиво во неговиот врат кое дозволуваше едноставно продирање се додека не го испушти и последниот здив. Е тогаш се чувствував смирено и го изгубив стравот. Предходно, цело време чувствував страв од луѓето кои се движеа околу нас. Дали ќе приметат нешто? Што ќе ми направат кога ќе видат дека го убивам човекот? Сите луѓе беа како маѓепсани. Буквално за сите мислев дека му се потчинети и дека во секој миг ќе срипаат да ме распарчат. Езиво у пм...

 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Концерт на ДНК како добредојде, другото е песна од Џон Ленон.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.373
Поени од реакции
4.904
Јас сум роден ваков, а вие глумите пошо не можи да бидете ко нив.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom