Дрски до крај, искрени до коска енд шит.
Не. Нејќу такви луѓе. Проста причина - не ме интересира реалноста.
Бар не у моментов.
Си цујкам од распарчениве звуци што се маваат од асфалтот, со сламче од љубопитност и улога на случаен минувач.
Од се по нешто, од секој по некој муабет. Углавно забацен у стратегија како да се заштитиш од пријателот и непријателот, како да го разделиш синот од жената со која сака да се венча и слично.
Може човек лесно да се преполни од врева.
Бар јас сум една од тие што брзо и квантитетно упиваат човекови реакции и акции.
Тоа е знак дека сум емотивец.
Значи, плачам на згазени мравки, се борам за правата на папагалите кои не ги пуштаат од кафез и срце ме стега кога куче има крлежи.
У секој случај, кога ништо друго не преостанува, и не ти се цујкаат звуци мавнати од асфалтот, комшиите ко договорени ќе си разотидат по дома, и кога ќе гасат светла низ собите, прозорците ќе се стемнуваат. На секое ненадејно преливање од портокалово во црно на прозорецот, ќе си штракнува по еден прекидач у мојата глава. Чат-пат позиционирам и прст, дури и го штрафам на ѕид.
Штом сите се спремни да одморат, градот можеш да го зграпчиш со двете раце, на дланките да си наредиш светла од која улица сакаш, и да играш по асфалтите.
Дека, до утре наутро ниеден муабет џитнат таму не останува запаметен како што треба.
Опроштајни плес, за сите потенцијални курви од трети што секоја вечер пред влез ги оставаат различни коли,
за сите партиски определени подвижни марионети што гласаат за друг со трета книшка во рака (така вели Маре комшиката),
за сите куќи изградени од оние кои имаат станови, неоткриениот извор на парите за истите,
и за сите крц-мрцови на грамафонските плочи кои никој не ги спомнува, а си земаат улога на месечина на која можам да гребам со ноктот од прозорецот.