К, во која вукојебина живееме ние.... Но така е, гледаме низ розевите очила коњи, огради и шмизли, се додека не ни се случи нешто лошо.
Да му падне на човек трупец врз граден кош, во струмичката болница цел саат лекарот да неможат да го најдат, и на крај после два и пол саати (откако се појавил лекарот) да кажат дека нема во Струмица таков апарат за да го снимат и да проверат дали човекот има внатрешно крварење (а имал). И што е уште пострашно, поради немање доволно персонал, син му и зет му го пренесувале од комбе на болнички кревет, па на друг болнички кревет. Кревање спуштање на човек со којзнае какви внатрешни повреди од лица кои никогаш во животот немале лекарска обука, со тоа внатрешните повреди се зголемиле. Во Скопје пристига после 5 саати од повредата, во шок, без грам крв во него, што се вика. И најнормално, лекарите од државна болница велат дека чудо треба да се случи за да го спасат. После 3 саати операција, распарталената слезинка надвор, дел од црниот дроб надвор, 3 скршени ребра санирани и санирана скршената рака. Поради тоа што Букефал мораше да има не едно туку две јајца, затоа има само еден апарат за интензивна нега во државна болница, па морале некоја кутра жена да ја исклучат за да го приклучат човекот. Јас навистина сакам да им дадам сочуство на фамилијата на таа кутра старица. И сега фамилијарно чекаме да поминат 24-те критични часа и вујче да се разбуди ...