Драга,
Ајде да направиме еден рандом црно-бел пост.
Секогаш ќе ги сакам животните.
Никогаш нема да имам во моја близина луѓе кои не ги сакаат.
Секогаш ќе уживам во ненаместен фудбал.
Никогаш нема да се откажам од Јувентус и Италија.
Секогаш ќе им се восхитувам на јавните личности кои својот статус го стекнале со труд, квалитет или талент.
Никогаш нема да ги сфатам жените кои не познаваат граници да стигнат до некаква слава или популарност.
Секогаш ќе ги почитувам мажите кои газат цврсто на земја и не плазат јазик на секое газе или цицка.
Никогаш нема да ги поднесувам другите, кои цел живот не знаат за контрола и немаат ништо во главите.
Секогаш на другите ќе им правам тоа што сакам тие да ми го прават мене.
Никогаш нема да им правам тоа што не сакам да ми го прават мене.
Секогаш ќе ги делам луѓето само на добри и лоши. Добро, и глупави издвојувам често.
Никогаш нема да правам поинаква разлика помеѓу нив.
Секогаш ќе им помагам на луѓето колку што можам.
Никогаш ништо за возврат нема да барам.
Секогаш ќе сум тука за моите малку, но најдобри другари/ки.
Никогаш нема да ти изневерам.
Секогаш ќе слушам добра музика.
Никогаш нема да го слушам Слаткар.
Секогаш ќе сакам да живеам во прекрасно уредена и функционална држава.
Никогаш нема да гласам за ВМРО.
Секогаш ќе пијам макијато со ладно млеко и сокче од ананас.
Никогаш нема да се препичавам со нешто што не сакам и нема да дозволам да ме части некој што не го познавам.
Секогаш ќе го сакам моето семејство.
Никогаш нема да се откажам од нив.
Секогаш ќе се трудам да успевам и да остварам барем половина од мојот животен сон.
Никогаш нема да се откажам од тоа.
На муабетов:
п.с. Нешто од актуелните новости во земјава... да се кандидирам ма за градоначалник?