Драга,
додека јас така дремев по дома, случајно ми стига порака на телефон од колешка ми дека сум ги положила последните испити.
Кога скокнав од кревет... мислам дека ребро скршив.
Ама се е ок, во петок идам да земам тема за дипломска и мислам дека се ќе биде супер.
Драга, знаеш дека јас повеќе сакам планина, отколку плажа (не дека не сакам плажа, ама не сакам жештина) и изгледа дека за некое време конечно ќе може да уживам на моето омилено место од детството. Колку спомени ме врзуваат за тоа место... рекичка, зеленило, птици, чист воздух, пријатна температура... и уште ако направат езеро таму, баш ќе биде супер.
И на зима покрај камин... милина. Едвај чекам...
Ех, Драга... кога би се средиле некои работи, не би барала ништо повеќе. А сега, барам само 2 нешта... ама ќе биде ајде.
Подздрав, еве ти една: Muse - day