Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
22 октомври 2010
Мислења
256
Поени од реакции
144
Драга.
Со кои и да сум, каде и да сум, никогаш нема да биде толку добро како што тоа беше со старото добро друштво. Фали таа дружба. За жал, изгледа тие моменти ќе бидат се' поретки. Како и да е, ќе уживаме во нив колку што може повеќе. Тоа е што е. Одиме понатаму...
 
B

Black Guard

Гостин
Овојпат нема да споделам ништо со тебе кајги не бидејќи неќам туку бидејќи не вреди.

т.е ова е доволно.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.818
Драга, денес добив пофалба на работа, и пола саат порано ме пуштија :)
Се аклиматизирав, уште да ми помине настинкава, и таман :)
Супер расположение ме дрма денес, ќе видиме до кога ќе трае :)
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Само ги пролонгирам еден куп обврски што треба да ги завршам, чуствувам дека еден ден кога ќе умрам ако има живот после смртта, ќе се смеам злобно од небото на обврските и тие ќе пукнат од нервоза дека се недовршени.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
уште една ноќ неспана, не се чувствувам да спијам, ми се чини навечер умирам а сабајле оживувам, физички сум исцеден од срањето што ме фати една недела уназад, немам желба за ништо, мака ми е и ова што го пишувам, фармерките ми се широки, ме фаќа страв на вага да застанам. мислам на сите околу мене што дури ни 5 мин не сум помислил дека уствари изгледам како ШИТ.
ми треба одмор и релаксација, колку сакам само да ја напуштам земјава, барем за кратко да издувам и да се вратам на пеколот што дома ме чека
 
B

BrunoFresh

Гостин
Драга,

фала ти тебе и на сите други членови што ми држевте среќа на испитот. Конечно завршив со моите испити и конечно нема да се замарам веќе со таа работа. Се осеќам слободен во тој дел и не ми се верува дека имам одмор цели 4-5 месеци. Сеа пред мене остануваат долги тешки денови и болките кои ги осетив овие денови. Осеќам дека треба да се борам премногу со нив, осеќам дека крвта ми се здрвува на моменти и дека едноставно некои прошетки и моменти ми недостигаат. Сржта во коските како ми врија и не ме остава да дишам како што треба. Овие денови храната ми е одвратна и најголем непријател; ме тера да исфрлам се што е од мене иако се осеќам гладен послем тоа. Ми рекоја дека тоа не е болест. На моменти имам мир кој ме следи благодарение на околината која ми ги осеќа проблемите и сака да ме натера да бидам со чист разум на моменти. А кога стојам кај соновите, тие се најголеми кошмари кои што ме потат и будат на вечер и не ме оставаат да спијам со страв да не се повторат. Се што сакам драга кајгана е да се случи нешто што ќе ми ги врати сите чисти мисли без никакви грижи и предрасуди за да се осеќам добро какво во старите прекрасни денови. Или можеби уште еден голем проблем ќе се закити како “украс” во целиот тој гердан на проблеми, а сепак сам.

Помогни ми.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
К,
„Прилично перспективен ден ако не ви цапне некој на плускавецот, а тоа за вас и не е така тешка работа бидејќи не си ги потргнувате ноџињата баш со време, но чекате да видите дали некој ќе ви ги прерипа или ќе се сопне.“ :sneaky:
Чичето од хороскопот на Вест знае како дишам...
Си најдов патоказ во животот, но треба уште многу да се трудам и работам за да го направам барем првиот чекор. Лошо е кога човек е изгубен во животот, и работа и пари и дружење и пиење и шетање и љубење се му изгледа апсурдно и глупо.
Си го најдов „моментот“ во себе, чи-то, желбата да покажам што можам и умеам и да не се задоволувам со малите перфектни работи кои умеам да ги направам.
„Јас сум создадена да оставам трага на овој свет и мојата смрт нема да биде залудна!“;)
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Draga, dosadno mi e. Simnav serija vcera, ama me mrzi da stanam do soba da ja gledam. Mi dufka od prozorecov, ubavo e! Go gleavme Just friends, ne znam zosto pravat takvi filmovi vekje. Loso e.
Se pravev vcera, denes nemam zanimacii -.-
 
Член од
2 август 2011
Мислења
383
Поени од реакции
653
Драга К,

Хаус би рекол „ не можеш секогаш да го добиваш тоа што го сакаш“, но што ако не знаеш што е тоа што го сакаш а?
Трпението кое би требало да е со мене во прилагодувањето на новата средина ми откажува послушност и ме тера да ги преиспитувам моите одлуки, но на крајот никогаш не можеш да бидеш 100% сигурен во своите одлуки нели?
 

Goxyto

#FinoAllaFine
Член од
31 јануари 2010
Мислења
2.589
Поени од реакции
2.534
Ти мори само да знаеш Виена колку е пре најубава. Па и Париз... љубовни улички... луѓе... луѓе во метро... :love:
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
1.170
Поени од реакции
2.635
ДК.
Да ти се пофалам почнав да работам во геодетска фирма. тоа е , живот иде даље мора да се работи положив сите испити па сеа мора да се работи нешто 2-3 месеци.
Морам да ти се пожалам само нешто .. не дека незнаев .. ама што се држи и издржува нашава грутка земја жалосно е ...
е така биди ми поздравена :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom