Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
S

Sheldon Cooper

Гостин
драга.. денес сум нервозен
полагам утре семководство (намерно го пишувам така де) и цел ден сум на лево
башка времево ме утепува
кисс4е
 
Член од
16 јуни 2011
Мислења
684
Поени од реакции
1.193
Драга денов е ХАОС !!!

Прво: Се успав за на колоквиум !!! :facepalm:
Второ: После факс ми падна мака !! :tapp:
Трето: Како шлаг на тортата МЕ КАСНА ОСА!!!! :place:
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Sex is not the answer. Sex is the question. "Yes" is the answer.

или па

Sex is not the answer. Sex is not the question. "Yes" is the answer. And....WHERE...is the question.?

P.S I Like sex sex, You like sex sex, WE LIKE SEX SEX!!

или па

Who doesn't like sex!?

:)
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.380
Поени од реакции
4.934
Браааааааат, 3ка Психологија еј,
3ка Психологија.
3ка Психологија.
3ка Психологија.
3ка Психологија.
3ка Психологија.
3ка Психологија.
3ка Психологија.
Кој кур му е бе брат. Изглеа пошо со факти ја толчев цела година, сеа ми возвраќа. Излеа сфати дека е само еден обичен бедник навлечен на антидепресиви, а јас сум нејзиниот downer кој ја спушта на ниво на гомно. Неа сега и се наполни душата, а јас ќе и го сменам личниот опис ако ја сретнам на улица. Иначе си зедов убаво маиче со мојот човек Че.
 

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Абе каааааај си ти бееееее!!!! :)))))
Добра си? :)

Ја добра. Прееска се видов со Александра, шетнавме низ маало.. Глеав по терасите од зградите, и сфатив дека мене уствари многу ми фали терасата... Да ја имав уште, дома немаше да влагам. Ќе учев таму, ќе дремев таму, у лето таму и ќе спиев...
И имам некакво чувство дека помалце тензија има у тие фамилии шо имаат тераса дома.
Не ме прашуј зашто, ми ги знаеш мене логиките.. Too genius to explain :D
Пример ти се качува татко ти на глава, немоеш да излезеш зашо надвор истура... Оп, на терасиче да те фати воздух ^^
И спомнав на мама да напраат летово мала тераса, онаква француска, ја ќе ја средувам :) Ќе ја наредам со цвеќиња, свеќички ќе и` стаам.. Awwh ^^ Знаеш каква ќе биде медеста? :)))) Моиве на ред ќе чекаат да испијат кафица надвор :)

Друг битен момент.. Када.
Сеа за роденденов мој, друштвово ми зема онакво од Lush... Купка од мед и млеко, ја ставаш у вода и ти праи Чшшш.. И ти мириса убаво ^^
Кај ќе ја стаам бе, ало. Сите дома сте ми биле, знаете дека неам када xD
Коа ќе треба да се преселам, у станот ако неам када и мало терасиче, не го зиам. Колкав сака нека е.
Глеам ја дека летово ќе преспивам кај баба:)
Има и терасиче у џунгла претворено, и када убава. Пространа, долга и широка....
Коа ќе излезам од бањање, ќе сварам кафе и ќе излеземе на тераса на цигара, ќе си паметуваме.. Она ќе ми продава мудрост, ја неа новост и така :)
Многу си ја сакам баба ми, жими се ^^
Цела сум на неа. Устата, носот, ушите -.- За карактер па, ич муабет да не праам!:)
Неам други наивни фацки у фамилија, ја и баба ми, тие сме :)

И брачен кревет ќе иам у станот, али тоа е друг муабет ^^

И.. тоа пеер... Александра сака некоја опака јахта да има, ја сакам - када :pos:
Када, тераса и браќен кревет.
Камин не спомнав зашо нема да сум у куќа, јебига.
На ти ја оваа за на дож и ај чао ♥
 
П

Пепси_

Гостин
имам нај кул сестра и многу ја сакам хух....е така. :pipi:


п.с. тешко се дише
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Добро вечер.

Мука ми е од политика. Таа болест навлегла и кај дечињава во маало бе Кајгано. Прееска едно му вика на друго:
-Ај бе кој те врти ако не ти се игра не играј
-Па не сакам да играм обрачот е свиткан не е тоа тоа.
-Да бе обрачот. Ај не јади ***** баре Грујо ни напраи игралиште а тој твојот брадоњата шо напраи.

Застанав во место и се искрено се збунив, ми се наежи кожа од овој дијалог на дечкиве. Абе деца од 15 години се, гледај на кое дереџе паднавме, место да уживаат во детството види со што им се окупираат мозочињата. Утре ќе им го замениме обрачот да си фураат на раат, а и ќе свртиме еден муабет да им укажеме дека тој муабет не е за нив. Што подалеку се од едниот или другиот толку подобро ќе им биде и ќе си уживаат.

Линкчето е за сите партиски војничиња, трујачи по фб кои шернуваат линкчиња од едниот или другиот, разни експерти у маало, нелуѓе кои замараат и го убиваат детството на младата екипа.
 

~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
Драгаа,

Утре идам. Да одморам малку, да се рашетам. Си заслужив.
Београде чекај ме :D
 
К

Кики.

Гостин
Драга,
можеш да замислиш под какви импресии сум од состанокот со другарките, штом уште сега ти пишувам.
Многу работи се смениле... само една никако да се смени, ама ќе биде. :P
Таа што цел живот касни и што мислевме дека и на сопствената свадба ќе си закасни, дојде на време. :pos:Чудо Драга, 20 години се знаеме и НИКОГАШ и НИКАДЕ не дошла на време. :) Другата, ни кажа дека во блиска иднина ќе се мажи, па да сме се спремале за играње и сите ора да сме ги научиле. :icon_lol: Искрено, редно и е, после 500 години поминати со дечкото, сите се надевавме. :) Третата, само ми докажа дека е истото дете од средно и од основно... нема гајле, а ни влакна на јазик.:D Јас некако си се смеев од страна и си ќутев, ама нели Марфи мора да си ја заврши работата, па почнаа со прашања и подпрашања за тоа како немам дечко, како сите ќе се омажат, а јас сама ќе останам ( не дека не го знам ова) и сл. Па, јас, како голем дипломат им кажав: Немам време за љубов. Лажев, ама морав така, за да престанат прашањата. И знам дека бев лицемерна кога им го кажав тоа, ама не сакам да се однесуваат како да сум болна и како нешто да ми фали, затоа што немам дечко.
Драга, дури и тебе постојано те убивам со мојава тема, затоа што и мене ме убиваат секој ф..... ден. Па не можам веќе... досадно ми е само тоа да ми зборат. :cautious:
Пред тоа се видов со колешките и не можам да ти опишам колку ме болеше вилицата од смеење. Значи, колективно не сме здрави и премногу се смееме.
Ајде доста ти беше... еве ти еден поздрав од колешка ми, само вети ми дека нема да извршиш самоубиство после ова. :pos: Јас бев на работ кон самоубиство.
Уживај, ако во меѓувреме не ти пукне ушното тапанче. :facepalm: Пази го „згодниов“...:pos::pos:
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Слушај ме мори еј, више неможу ништо лично да пишу овдека, почнале да ме манијачив. А красно се осеќаше спокојно овдека меѓу едн куп анонимни људи што знам дека никад нема лично да ги запознам. Требаше ми га овој место зашто добро е да се консултираш или да дадеш свое мислење колко и да е изопачено.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
ДК,

Велат, ќе жнееш тоа што си посеал... ама јас дури сега сфаќам дека семето што сум го сеел ми било чкарт.

Претпоставувам дека за да има промена треба да има идеја за промена... па еве ја. Почнува уште еден долг пат.

Ај нека ми е со среќа.

Поздрав.
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Драга,

Некад не вреди еднострана дебата.

Се повеќе сум убеден во онаа старата: Дебатирање на интернет е како да играш шах со гулаб, колку и да си во право, колку и да тепаш, гулабот пак на крај ќе ги сруши сите фигури и ќе се исере на таблата победнички.

Е јебига, луѓе.

Глупо е чувството кога после долго карање си грешел.

Не би знаел деновиве додуше.

Не дека не грешам никогаш, само не денес.
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.774
Поени од реакции
8.037
... најавна шпица.

У пичку матер, вчера го имав еден од најубавите денови... а денеска... ич да не ти расправам.

... лошо, лошо. Све нека иде у пичку матер (со се мене).

Со душа чекам да дојде 6 саатот и да си легнам.

... одјавна шпица.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom