Драга Кајги,
оддамна не сум бил у исповедаоници кај тебе. Те запоставив. Цела година помина откако ти пишав па еве сеа се решив пак да ти пишам. Од тогаш се случија многу работи, многу работи се променија, но за тоа нема ништо да ти кажам сега, ќе треба на долго и широко да ти пишувам, не иде...
Одличен ден денес поминат со колегиум бадијалџии, исполнет сум... Се почна посабајлечки, откако успеав да отспијам само 2 саата, ама тоа не е ни проблем кога си во добро друштво. Собрав сили да го истерам денот на најдобар можен начин. Кафенце, пивце, прошетка, заебанции, убаво расположение, убаво време начекавме после толку тмурни денови, и на крај завршивме со неколку партии баскет (ич не ме бива за баскет бе, комедии сум

) ама тоа е кога и фудбалот во маало не е веќе уживање како што беше порано, а толку ме исполнуваше. Мора да се снаоѓаме... Времето поминува, некои работи се менуваат на полошо, некои на подобро, без разлика дали тоа мене ми одговара или не. Се прилагодуваме на ситуација...
Утре е нов ден, со нови сили...
Биди ми поздравена и добра ноќ <3
