Дикеј,
поминав неколку саати во гуглање. Лошо!
Него, колку да се дистрактирам да изјавам дека нејќам поише да глеам очајни фаци. Нејќам да добивам по грешка некои пораки од женски што изјавуваат на некои мажи фрази од типот : "Знаеш ли колку ми фалиш asshole?", нејќам да глеам како пола од колешките вчера се испофаќале со типци што носат рамбовки, јадат ќебапи и слушаат шит, нејќам да глеам како на темата во врска со љубовта убави и паметни фаци како CRAZY IN LOVE се жалат дека нема пуштачи у градов, нејќам да глеам дека мажи што не смувале ништо со месеци имаат гз да го исмејуваат СТЕВОМЦ кој за разлика од нив, секоја вечер си се обидува.
Секој што го сакате, кажете му сега, пошо утре може нема да можете. Апокалипса или не, превише се ослонуваме на "утре". Не само што се ослонуваме на "утре", него и на глупи игрици. Посебно за жените, ако сакате некој, а он лошо изреагира на ваш љубовен гест, ондак само значи дека не е тип за вас и бар полесно ќе продужите понатаму со животот, наместо цел живот да чекате или безвеза да се трошите на шопингување ко демек мажите ќе приметат нов KAПУТ.
Можеби не очајно во валентајнска смисла, но дефинитивно очајно во социјална смисла е кога ќе видам како честитките што ви ги дал саканиот ги сликате и ставате на фб. До каде со тоа безпотребно, бездостоинствено фалење?
Зошто им треба толку лајк на младиве? Се плашам дека живеам во општество каде на луѓево мерка за тоа дали прават нешто правилно им е тоа дали се подржани. Што е со своите правила на живот? Ако кажам на луѓе дека не сум славела Валентајн (сум славела, али само пример), знам дека ќе ги добијам најзачудените фаци. За некој, тоа што вечерно не сум славела, е пензионерски.
До кога по правила? Дека навечер се искача, во 4 се јаде, дека добра забава значи дремење до касно?
До кога 9gag - еризам? Дека треба да не учите, дека треба да се мрзливи, дека треба да имате растурена соба, да седите до касно, да пиете многу, да не спортате ништо, дека forever alone & do nothing about it е кул? 9gag e кул, ама нека не ви дава инструкции за бидување кул. Не ви требаат.
Ако е тоа кул, тогаш сме у заебана idiocracy ситуација. Може не контате, али се` околу вас се должи на напорна физичка работа и умствен труд. Пример компјутерот на кој седите е неверојатно откритие. Ако порано биле вака некреативни и улежани, уште ќе бевме у камено доба.