Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

nameleess

N/a
Член од
9 јануари 2010
Мислења
299
Поени од реакции
25
чичко драга кајгана, немало ме доста време, па ај реков да се вратам да видам што е како е... па валда ќе да е добро... поздрав
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.917
Ноу ретрит.
КЛАДИЛНИЦА ЈЕ МОЈАААА СУДБИНААААААА..
20 х 20 х 20 = КУРАЦ.
Мацки.
Кога не сум бил сериозен ај објасни ми ?
Абеее шо знат, ништо.
Baboooon
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Дали има тема за Радио. Пример јас сакам да слушам радио на ПЦ додека работам, и веќином слушам Канал 103, ама ете денеска нема пренос на интернет, незнам на ресивер дали фаќа, ама немам ресивер. И би било добро пример да има тема за препорака на нет-радио. Можда, можда и тапа ке биде темава. Мене само ми текна така зашто ми треба радио некое моментално. Страшно...
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Денешен ден - fail во секој аспект. Концерт, превод, резервации, ништо не испадна како што треба. Среќа, после подолго време, добра 548-ца на Армин.
 
К

Кики.

Гостин
Драга,
значи колку не се нормални... Многу се интересни и смешни и баш кога не ти денот знаат да ти го направат убав, ама денес ме убија со нивниот ЗАКЛУЧОК.:pos: Не знаев што да им одговорам, затоа што некои работи не зависат од мене, но мило ми е што ме критикуваат, барем знам дека се искрени.(y)
Инаку, утре сум на роденден кај „малото“ кое порасна и ќе полни дурииии 7 години. Како вчера да беше кога ја земавме од болница... црно, мало колку шише од Кока Кола и насмеано. Растат децата... :)
И така Драга, ајде поздрав. :)
 

bokser_mk

Баксуз
Член од
29 јануари 2012
Мислења
1.364
Поени од реакции
1.831
kajgi si racunam jas deneska ke se izraduvam ke kupam nekoja akcija od komercijalna ke iskocam vikendot ke pominam top koga idam na bankomat da proveram dali pustile nema uste....ke mizeruvame do ponedelnik vtornik ....idam da vidam so e rabota sakatite uste presmetki za plata ne napraile ....
ne be Nema Pravda kajgi:(
 

Milla*

100% Milla
Член од
15 јуни 2009
Мислења
254
Поени од реакции
41
Драга Кајги,
Се помирив со фактот дека сум баксуз, ама била ли толку неубаи работи да се десат се во еден ден?
Не е номално тоа што се случува.... или јас веќе скорз сум забегала :place:
Искрено во план сум да посетам некоја од тие видовитите, може ќе помогне нешто :vozbud:
Поздрав и Добра ти ноќ!!!
 
H

HITCH

Гостин
Драга Кајги,

На трета имаше некоја плавуша што се дере, а сега продолжи ја и некои други... Уф, како не им е мака да рикаат по цел ден?
Туку, малку досадно вечерва или мене така ми се чини?! Од досада ја прочитав од Блаже Конески „За македонската литература“, а јас Блажо не го сакам нешто посебно. Немам нови книги, одамна не сум си купила, за срамота сум. Се научив само да симнувам од нет, ама тоа не е тоа. Книгата не е за да се чита на комп., барем според мене. Симнав некаква Македонска енциклопедија од 1931 година. Бог знае што е тоа, ама многу ми е сомнителна. Сигурно непријатно ќе ме изненадат со некој неточен податок. Ај, ќе видиме...
Денес бев на дури 3 интервјуа за работа инаку 34258943188494854731 на број. Имаше интересни прашања, треба да почнам да си водам евиденција за најглупаво интервју за работа:

1. Дали си мажена? (Оваа информација не врши работа, туку е пуста радозналост.)
2. А, планираш???! ( :eek: Ме зезаш?! Па, шо знам...)
3. Дали би ти сметало ако доцниме со исплата на средства? - ДА!

Да не сакаат луѓево јас да им дадам пари за да си продолжат со бизнисите? Тапа се! Решив до средина на март психички да одмарам од барање работа. Се изнаслушав се` и сешто, а морав и да одговарам на премногу глупави прашања. Се уморив! Знаеш што ми е чудно?! Се` ми се случува истовремено и добро и лошо, па немам време ниту да плачам ниту да се смеам. На штрек сум.
Нејсе, јас друго сакав да кажам. Нели од мозочен удар во САД почина она девојчето од Неготино, Валандово од каде беше....?! Се` едно, мајка и и татко се јавиле по телевизииве за да ја информираат јавноста дека собрале пари за да го вратат дома мртвото тело на своето чедо, народот да не донира повеќе. Се потресов! Жалосно, им умрело чедото во туѓа земја, а тие не можеле да му обезбедат достојно испраќање...


Ја, ОК! Ти?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VLJ

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.917
И одиме..
Повторно е тука, осеќам. Купувам карта, возот заминува за неколку минути, притисок во градите и шлајм кој неможам да го голтнам. Луд сум, пошо се враќам по невозвратената љубов, несфатен сум, чуден. Ме боцка металот во панталоните и ме кине ладниот ветер. Нека се тргнат сите луѓе, не знаат ни кој сум, ни дека сум спремен да убијам. Живеам за освета, за да се решат стари сметки. Стари тргни се од седиштето, зошто сум непредвидлив. Само седам и ќутам, додека сенки ми кружат околу главата. Беше оддамна. но се сеќавам како да беше вчера. Одвај чекам да стигнам до куќата, до кучката. Самата одлучи, па ради неа сум заклучен. Се пружи прилика, а таблетите ги повратив, ги позејмив клучевите од чуварот доста насилно, го избрцав свињата со добро наострена пластика која ја чував под креветот. Го извадив пиштолот, само тоа ми треба, некој денар, облека и почнав да бегам. Бесен и спремен за поход до старото љубовно гнездо, доста за тоа, да се вратиме на местото каде што сум. Една станица поблиску, веќе ноќ е и почнувам да дишам зошто не сум фатен. Подобро ќе и е да го моли Христос. Моите писма не се пратени, мислите сеуште исти, ми треба сила за понатаму, а ми дава нејзиниот врисок. И тоа е највеќе од неа што барам. Возот застанува и тука слегувам. Моето старо село, тука ме израснаа старите. Мора да пазам, пола полиција ме бара, незнаат за тајниот подрум, таму нема никогаш да не најдат. Се приближувам до домот, не смеам на главна, морам да влезам од страна, два џандари будно пазат пред врата, а низ прозорот ги гледам неа и ќерка си. Доаѓа тато и ќе го види ѓаволот за она после 2001. Стаклото се крши и ме забележуваат, бегаат да се скријат, јас ја градев куќата, но го разбирам нагонот. Ја удирам со тупаница, и ја тргам со страв. Го тргам тепихот и влегуваме внатре на дружење со мракот. Сите заедно и оваа најдобра вечер, се сеќавам како сонував бомби, а ти сонуваше цвеќе, оти ти не беше таму, рече дека сум пореметен и дека ќе ве повредам двете, па ме пушти на лечење. Сеге веќе не ме знаеш, а ни оваа мала курвица. Се сложи со тебе, а веројатно не е ни моја. Кога пукав по нив, тебе те ебаваше сељачана, ме вараше курво додека ме вадеа од ровот. Јас се наведнав да го земам пиштолот, а ти вриштиш дека не е вистина. Тишина, не се играј со моите нерви. Божем ќе се смирам ако си пуштам крв, а од горе слушам, ПОЛИЦИЈА ! Хаха, само за момент ја одложивте вашата смрт. Имате среќа, им ја врзувам устата, го местам тепихот за да не го откријат влезот. Ова ти е последна солза - и кажувам, долу се спуштам, подобро да побрзам, али сеедно ќе морам да се впромнам. Гласови на џандарите се се поблизу, но не стигнаа. Успеав да го прекријам влезот и одгоре да го ставам креветот. Немам време да средам се и да останам неприметен, морам да бегам ќе се вратам после по неа и тебе. Гледам сенки на ѕидот, па продолжува времето за битка, во собата од другата страна слушам некој како вика, пушти ме мене на свињата. Губам трема по трет пат, сеа сум толку напизден, го репетирам пријателот и према вратата целам. Ги скинав двајца од еднаш, а уште колку ги има незнам, испукав уште неколку во празно, нема везе и така сабајле нема да видам. Викаат, ти си овде, па фрлија солзавец, а последно што се сеќавам, го спуштам кундакот и бам. Ги снема креветот и старите тапети, мора ли ова да го сонувал, со раката ги допирам решетките, не сум способен веќе за сите тие испукани куршуми, плус ја сакам неа и моето сопствено дете. Заборави сега на тоа, уште малце ќе избегам, уморен сум како никогаш и сега е правото време, сигурно се далеку, додека лежам над својата сенка, тие седат на топло и мислат на мене.

---Во ќелијата

Ееј псст..Пак ли зборуваш во сонот ?
А ти пак ли мислиш дека тоа се само сонови ? Али не се пријателе.
Не се заебавај бе со тоа.
Два полицајци мртви, а жената и детето до ден денес не се пронајдени.
Не е вистина. Нема шанси.
Јас само ти кажвам, па ти како сакаш, а ти и понатаму лажи се себеси дека не е така. А ако не ќе се увериш и самиот.
Не,не..
Како не, сигурно ќе се увериш..
Не,не,не..
Сигурнооо...
(Хе,хе,хе)
Неееее, чувару,чувару....
...
Убав филм има на канал 5.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Кој к*р и е на зимава бе!?
Ок, ја чекавме, се радувавме на првиот снег, па потоа на вториот, па на третиот...ама ова веќе не бидува вака.Ми иде да паднам во зимски сон и да хибернирам дури не е барем 10 степени Целсиузови во плус.Да не можеш на рајат ни со либето да си прошеташ.Триста болести закачивме заради ладново.Легни си во темница, сабајлето таман си се разбудил и поминале 2-3 саати пак темница.Депресивно упм.
Salute!
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Драга...



Да го поздравам Стеф и да го известам дека го ијам видеото на компјутер и дека може пак да го аплоудирам уште 1000 пати од 1000 јузери :)
И повели Стефчо едно видео од типче на кое го боли уво дали ќе го реметат или не, а и моеш некоја лекција од него да научиш за самодоверба и стоење позади своие дела :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom