Има некои луѓе, абе кога ќе седнат со тебе, не стануваат.
Не мора да се збори, да се праи муабет. Него, едноставно, само си седат со тебе.
Онака од време на време се убацуваат со некој муабет ко „И шо нема друг термин, а? Па тоа мене ми е далеку...Ај пиши број, да ви се јавам“.
Му даваат број на типот и му кажуваат „Имате часови скеој вторник и четврток од 18.30 до 20 часот“.
„Абе мнооогу далеку тоа Капиштец..“ и си седи и не си иде. Онака бе, од кејф. Му се седи таму. Додека има време, не станува.
„Абе а со шо идаш ти за Капиштец?“ и му одговара типката и после 10 минутна пауза.
„Мнооогу далеку тоа, незнајш нешто тука, поблизу да ми биде?“ и 10 мин пауза.
„И многу рано ми е, а нешто покасно нема?“ и 10 мин пауза.
„А ти кај седиш?“ и 10 мин пауза.
Добро бе човеку остај ја девојката на мира! LEAVE! GO HOME! TAKE A BOTTLE OF WHISKEY AND STICK IT IN YOUR BUTT!
ОТОК! Ја да бев ќе го отерав таму кај што не треба и ќе посакаше никад да не се вратеше повеќе.