Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
B

Borg_Drone

Гостин
Да ти кажам денес си поминав најубаво.....Си се видов со другарите и другарките од основно и ми беше топ.Собиранка и тоа после десет години.И најдобро на свет беше, сакам уште да траат тие моменти.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Еј дојде цајканот па ми вика не било за казна туку за евиденција се отепа од објаснување човекот, па добро му викам и за казна да е биди здрав и жив :icon_lol:.
Брачката ми вика не се кажувај на професорката таму, а прво влегување ми вика ти си И. јас сум и одговарам, на прашањето дали мене ми е Ф. братучед одговорив потврдно.
Му викам ме знаат џабе да се кажувам или не. Еј идам половина саат порано викам вицеви на сред предавање, влегувам ко мое да е сето, се заебавам си мислат којзнае што функција бркам. На оваа до мене и викам јас скријан газда сум овде во кафанава :pos::pos::pos::pos::pos:. Вика да се ангажирала се прикажала од фризерката пратена, му викам на брачката пиштоли да чисти, М. вика будала сум бил :pos::pos::pos::pos::pos:.
Моментално братучеда ми ми праќа расказ да читам преку ФБ, една од најнаградуваните млади автори во земјава драми и поставуваат низ театриве не е сигурна во себе, јас да дадам мислење ајде отидов расказ да читам....

--- надополнето: 5 февруари 2012 во 13:33 ---
Драга,
баш денес размислувам за тоа каде отидоа џентлмените.
Тука сум кој ме бара?
--- надополнето: 5 февруари 2012 во 13:42 ---
Ау расказов како Драга Кајгана е само што нејзиниот ќе биде објавен да го читаат јавно не само тука сигурно и на уште неколку странски јазици, мене ми се допадна :icon_lol:.
 
Член од
22 март 2009
Мислења
2.356
Поени од реакции
454
Драга,
Зашто сум толку баксуз? После две спуштања отиде коленото :(. Сеа мирување 2 недели..
А таман ја почнав ски сезоната, излеа не ми било пишано да продолжам :place:.
У градов побрзо ќе стигнеш пешки одколку со кола, сообраќајот е хаос неисчистени улици и луѓето го фрлаат снегот на патот. Страшно!
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Во мене времиња се мешаат. Не сум од сега, ни од вчера, ни од утре. Којзнае која сум.

Важно имам сто кила Љубов и доволно сила да бидам жива, и повеќе од тоа.

Dead Can Dance и те како знаат да ти кажат три четири философии и да сконташ дека си обично ранливо глувче во мачкина шепа на овој свет. Затоа, со арно, секогаш.
Кармата знае да направи р'шум ако несовесно трошиш стрели за туѓи грбови.

Ме избрале за Антологија на современи поети, а мојата автобиографија не можеше да биде поналудничава. Ако.
Имам и за таму што да речам.

Малев испадна Малер. Тошо Малер стајл, али без фраерлукот.
Молам космички сили да ми исполнат само две желби.
Да отидеме до Париз.
Да крварам прописно од среќа.
М.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.122
Поени од реакции
25.560
Тоа прекрасно чувство кога во 5 сабајле те будат хорор крици од Истерувач на ѓаволи прв дел (http://www.imdb.com/title/tt0070047/) само за да сфатиш дека се комшиските мачки. Чувството се дуплира кога сфаќаш што они прават во тоа време за разлика од тебе.
 

PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
Аи Драга, слушам Челзи - Јунајтед 3:0, поминувам да видам 3:1, поминувам пак 3:2. Имал право за нешто, стварно сум им среќа на црвенине :D.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Драга,
баш денес размислувам за тоа каде отидоа џентлмените. Одговор уште немам, ама имам 3 претпоставки за ова, т.е. дека:
1. загинале во Втора светска војна,
2. ние, како жени, направивме да ги нема или пак
3. јас се уште не сум сретнала таков.
Од гореспоменатите, се повеќе се надевам дека последното е точно.
Ех Драга, колку би било убаво да се врати времето на баба ми, па и на мајка ми, кога дечкото пред се ја ценел жената која стоела покрај него или пак, се трудел на секаков начин да ја освои. Што се случи со писмата, кои срамежливо, со почит и страв на посебен начин ја искажуваа и најголемата љубов?
За жал, немам временска машина, а итно морам да се вратам во реалноста, каде што не постои отварање на врата, извинување или пак станување од страна на мажи, кога жена ќе влезе во некоја просторија. Сето ова, се случило и се случува, поради нас, жените.
- Бон-тон... што ли беше тоа?
Некои ќе го најдат ова смешно и глупаво, ама навистина многу подобро живееле во минатото.
Ајде Драга, поздрав, замарам, ама го сакам тоа време. Еве ти една. :)
Џентлмените умреа во исто време кога умреа и дамите.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
ДК,

Минатото го оставам зад себе. Долго е и ќе треба долготрајно оставање. Ќе боли, но мислам дека е правилно вака што постапувам.

Со лесно нека ми е.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.376
Поени од реакции
4.918
Да го поздравам драга татко ми..
Денес ми рече батали музиката, реков тато само тоа ми е опстанок во играта..
Да не беше музиката нерво ќе оболев, а не дека ради неа ќе останам без нерви..
И тоа малку што го имам сакаат да ми го земат..
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Моментот кога надвор врне снег а ти си пливаш :нинџ:
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Кајгич, ако ми веруваш се убив три саати на телефон. Случајно, сите драги луѓе , ништо, мудро, културно, ни фаул ни ништо, еден по еден ( ко договорени)... И дадоа толку соул на вечерва... И јас ги сакам!
 

bokser_mk

Баксуз
Член од
29 јануари 2012
Мислења
1.364
Поени од реакции
1.831
kajgi dojdov od rabota sea se pribrav i ne mi se spie
ubavo so zavea sneg deneska se lizgav za nakaj doma koa se vrakav od rabota :D
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.376
Поени од реакции
4.918
Мајка,
Ти викам јас да не постоеа националности и религии мирна ќе ни беше глата.
Ама џабе е сега се.
Море мамето кој прв почна. Политичари сите да цркните до еден. И вие шо сакате да бидите политичари мамето ваше. И вие со партиски книшки малоумници. Си играат со нас како сакаат и лижете газови во партија ајде, уште то ќе ви остани ко ќе немате леб да јадите.
Каури,Албанци сите сте за никаде. Море подобро пак војна да има можи ќе се истребите сите до еден па ќе останиме некој попаметни така некоја година мирна гла дур не навлезат американците и не окупираат за да го ослободат народот македонски оти не чинел новиот начин на водење на држава (финтата е шо во Македонија пронашле рудник со многу ретка руда, бизнис од милијарди долари..) Ти викам можно е ова сценарио да се деси.. Абе ај како можи кажи ми еј, пред очи ти ги земаат работите, гледаш дека не е правилно и седиш со скрстени раце, ко со кур во устата да си. И после не чинат тие што прават протести, шо цртат графити, шо пушат трева..Алооо бе овде кој не полудел, тој не е нормален. Ако најдиш еден нормален во нашава ни естрада,политика, индустрија,образование, здравство, судство итн. ќе се обесам јас пред таа портата во Скопје, а за проективе со споменици да не почнувам.. Нема да речам свести се народе, туку сите еден по еден во најблиската река да си се фрлите оти друг спас нема..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom