Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
6 август 2007
Мислења
4.063
Поени од реакции
175
Кајганче,

Ја накитив елкатаааааааааааааааааааааааа :vozbud: Колку е убаво сегааааааа.. :pipi: Аххх обожавам нова година.

Инаку денеска све си напишав на писмената :pipi: Очекувам 5. Да продолжам вака до крај, и супер ќе биде .

Уште малку на компјутер, па после треба економија да учим :( Тежок е животов драга.. тежок е :):) Ќе пројде и тоа..

Ај, заминав сега.. :back:

Love u .
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Драга ....

Среќна нова година и среќни празници. Се читаме догодина.


Мојата новогодишна желба: да ме земе Господ.


Поздрав! :smir::smir::smir:
 

Lucy in The Sky

A girl with kaleidoscope eyes
Член од
8 март 2009
Мислења
304
Поени од реакции
34
хух.. еве го преживувам и денешниов ден.
Во годишен хороскоп ми пишуваше дека ќе ми биде среќен ден. И ми беше.
Во школо добро поминав. Вечер Ван Гог.. ќе се изнаскокаааам.
И такаа.. само се надевам дека ќе имам и трето среќно нешто.
Онака колку да не останам само со 2.. на средина на патот. :)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Уморна сум, ама и среќна, се видов со татко ми, прекрасно си поминав, впрочем како и секоја средба со него, многу го сакам човекот, како што го запознавам секој ден се повеќе и повеќе. И сум ептен среќна за новите две книги... :vozbud:Читањеееее.....
Инаку, никогаш не сум бил тип што се откажува, ама кога веќе стигнав до ѕидот и кога ѕидот не сака да се сруши, што друго ми останува? Премногу време потрошив, а за возврат добив третман како ѓубре. Е па мене ми е доста.
Дефинитивно сум уморна, sick and tired ко што би испеала Анастејжа, а таа песна цело време и ми е на рипит, ја посветувам песната од прв до последен збор...
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Здраво Кајгана.

Речено е: "When there's nothing to do, there's always something to do". Жива вистина.

Ама така ич ништо не ми се прави, не можам да ти опишам. Едвај дочекав малку да се приберам дома и само да седам и да кулирам и мозокот да ми отиде на пасење.

Но сега дури и малку ми е криво што безделничам... Тоа веројатно има врска со стареењето? Со зреењето? Се надевам со второто. Ако е така - време беше.

Ај па поздрав, Кајгана. До следниот пат.
 
S

StereoLove

Гостин
Жолта жолта жолтица
Не планирав да ти пишам ама да ти се пофалив за типот.

Денес која лудница еј:vozbud:еден што ни предаваше од Америка му скурчи од нас учениците и вели шата фака:pos: :pos: :pos:
Друго...леле каков шмек падна денес со еден колега од Велес:vozbud::vozbud::vozbud:ама 100ле да ме дознае леле ке ми се налути.Ај еднаш беше,не еднаш двапати си признавам:pipi:


Ајде одам јас

Чаус:back:
 

marko_d

Ретард
Член од
10 април 2009
Мислења
430
Поени од реакции
18
Драга кајгана
Денес поима неам шо да правам со себе, цел ден го преспав и сеа киснам и дремам
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Има ли ден за нас од Тоше ја посветувам на тебе. „Прекрасна си, гледам бездна пред нас“ :(.
Како ли секогаш ги засакувам фатените, а Драга?
Но, ок ако така сакаш да биде, ако го сакаш дечкоти ...глупости.. нека ти биде. Иако се нервирам за ова и знам дека ти... имаш чувства за мене и ќе пукнам од мака што неможеме да бидеме заедно,.... продолжувам понатаму.
Само, излези ми од глава, ок.
Излези ми од срце.
:(
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.030
Џес

Не знам зашо инаетов ме држи толку.
Ама кога веќе се осеќам непотребна, ондак да си докажам дека не само се чувствувам, туку дека е така.

И да, треба да решам 120 задачи психометрија за потпис.
:je:

Животот е убав.-.-:

чау.

Ko шо сум нервозна, ми иде да му даам пак црвенко -.-:
V
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Драга кајгана, зошто, о зошто магде не ги решила задачите, сега сум фрлен неола та дур мојт и да се поболам.
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
драга
деновиве те под заборавив ама знаеш кариера си е кариера :toe: ти како си ми ? мене ми се спие, сега си влегов и ми се спие :toe: не знам што ми стана. уште 2-3 дена ќе поспијам после од 6 кој ќе станува :tapp::nesvest: сега да те разгледам и си легнувам. ако има филм арно ако не не ај чао :back:
 
N

NeMiRnA

Гостин
Зелен чај со нане,нема врска комбинацијава,само да знаеш.Барав со лимон,немаше.
Чмучкам чај,вртам по книгата,ми доаѓа по некоја креативна идеја,неубава на изглед,ама да му се невиди,секогаш сакам неубави работи.Не ги сакам,туку ги љубам.Изгледа немам вкус.
Напорен,динамичен ден.Факултетското бифе поромантично од било.Потписи нема.Професори нема,хистерични асистентни има.Студ за извоз,снег нема.Книгишта ли се книгишта,ги има,многу.Лоши луѓе и по некој добар.Здравје одлично,така вика чичко доктор.Имаме потенцијал да изградиме стабилна врска на долг рок.Мајка ми прави предновогодишен шопинг со 1000 лампиони и 100 км сијалички за 4 чемпреси во услови кога струјата поскапува,плус допринесува за пукање на осигурачи во некоја си трафостаница,па за нова година редовно последниве 5 години на секои 5 часа снемува струја во цела населба,а уредите по дома играат ламбада.
Некако како пак да си се донесов во незавидна ситуација,некаде пред шах-мат сама на себе да си дадам.Имам уште еден потег,ако размислам може и два за излез.И пак ќе се излажам дека нема повеќе.
Среќна сум,здравјето е најважно,така викаат постарите нели!

Утре се надевам на снег!Многу снег и улици без боси циганчиња!
 

пм=MGLpM

Stelar
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.409
Поени од реакции
3.318
Draga kajgana,
Ete sto pravi ljubopitstvoto.. Te falea ne velam ne i seuste te falat....
I aj rekov da vidam so e taa kajgana tolku slavna i vlegov i me zarazi...
Sekoj den kisnam ovde a knigine tazno me gledaat... Anatomia, fiziologija i red drugi gluposti me cekaat da gi prelistam i da gi issaram so markerot, ama nekako ne ide... :toe::toe::toe:
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Фрактален атрактор

Ај по ред, Кајгана...

Журка 1:
Влез. Сосема случајно наидов на двајца што ги знаев од порано, па влегов со нив, бидејќи тие не знаеја каде е местото. Ок. Се најдов со еден, па со друг, па со трет... Па после дојдоа четврт, па петти итн итн итн. Здраво-здраво, како си-што праиш, супер журка, види колку луѓе има и слично.

Сфатив: не можам да поднесам некој да има околу мене.

Да ти *ЦЕНЗУРА* и Хомо Сапиенс и останато.

Инаку, еден тип, што е така како мене срамежлив, сакаше да прави муабет со една типка. Таа е една од оние со кои ништо не сум направил во животот, па кога таа се упати накај шанкот (таму бевме ние) јас му реков „Сега фати муабети со неа, зашто после тоа ќе си оди и ќе ти кидне“. И тоа и го стори - ја замуабети. Ионака требаше да одам на другата журка, па им мафнав. И нејзе и нему. Зошто нејзе? Па логично би било дека ако му мафтам нему, ќе ѝ мафтам и нејзе, бидејќи, нели, стојат заедно, а се знаеме. Потоа ми беше ужасно криво што ѝ мафнав нејзе, зашто помислив дека можеби ќе им го расипам муабетот. Не е дека не сакав - баш сакав да ѝ мафнам и да се поздравам и со неа. А не сакав да им расипам што и да е што би имале заедно...

... што, од еден муабет на една журка е ништо...

... но што можеби ќе биде нешто повеќе...

... а за што јас би навивал...

... зашто би сакал да бидат некои луѓе среќни заедно...

... па всушност сите сакам да бидат среќни заедно...

...

Абе глупости! Баш ми чуе за нив. Нека прават што знаат. Јас си имам други места на кои треба да одам.

(типичен изговор на некој што не може да поднесе друштво на други луѓе. Нејсе, сериозно имав друго место да одам, па ова ми легна како кец на десетка)

По пат си размислував зошто никој не опстанува покрај мене и ми стана јасно - нема место за друг човек до мене. Јас сум премногу сеопфатен.

Себично? До немајкаде. И која е поентата ова да се напише тука, за сите да го знаат?

Па, олеснување, да речеме. Прифаќање. Одамна знаев дека ако никој не сака да биде со мене, тоа е правилно. Ама ова е нов момент - јас не сакам да бидат со мене.

Нема веќе трудење, нема веќе потреба од меѓучовечки контакт. Ако и од порано многу повеќе сум сакал да се дружам со машини, сега па ептен.

И тоа е лага... Без човечки контакт немам теорија да опстанам, зашто, сепак, човек ги направил тие машини...

Добро, како и да е, да не должам многу...



Журка 2:
Експресно и ефикасно. Влез. Локација каде се оставаат палтата. Оставам. Локација на највисоктата точка, т.е. до бината. Се качувам таму и скенирам каде има познати лица. Лоцирам. Се гужвам до таму. Наоѓам на еден познат човек кој ме упатува попрецизно. Доаѓам до таму. Поздрав 1. Поздрав 2. Поздрав 3. Поздрав 4. Поздрав 5. Поздрав 6. Поздрав 7.

Ок, толку беше. Нема поента од повеќе седење - очигледно не ми е удобно во тоа друштво. Чао-Чао. Уште малку гужвање до маса за стоење. Се позиционирам.

Одеднаш - уште едно познато лице. Гужвање до таму. Поздрав 8. Е овој поздрав ми е мил и ми значи личноста. Но нели, толку од тоа, зашто пак не умеам да се задржам на едно место и пак ми е непријатно. Чао-чао. Значи, не ми е толку мила личноста и не ми значи толку многу.

Си го собирам палтото и директ надвор. Кола. Дома. Кајгана.



Знам. Милион и еднаш потсети ме дека ова е мојот личен избор. Сам си го барав. И го добив.

Одам да прославам со затворање на очите.



Поздрав, Кајгана.

Кревет.
 
T

TaMчЕ

Гостин
Кајги бе па :( ми се спиеее зашо ме мачаат :nerv: мора ли денес тие грди часови да ги иам ..има да ме умрат денес..дај веќе нека пројдат овие недели да не го глеам школово со мизерииве у него :nerv: одвртани ми се :toe:
ајт :salut: идам да научам барем тоа шо ми треба па може ќе иам време да дремнам пошо сонцеНо ..ни денес нема да го видам :( :toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom