Китење елки и радости по дома.
Сеќавање кога татко ми доаѓаше од работа со пакетчиња и демек маскиран ко Дедо Мраз ни ја радуваше детската душичка, напатена од транзиции и вечна желба за Киндер Јајце.
Песнава ја слушам прееска, и мајка ми ми вика: Ееееј, ја имав на страна B на лонгплејка!
Со татко ми го играа тангото на Љубовта на оваа песна, кога имав 5, 6 години и ништо не ми беше јасно.
Сега ми е.
Многу.
И сакам и јас да го играм истото танго, ама на Strangers in the night од Френк Синатра, да врне снег, а на улица јас и тој. И нашите идеи, планови, желби и гушнати срца.
Костени, тиква, цимет, јаболка, мандаринки, куглов со кафе и рум, сијалички на балкон ем желба за снег.
Ми гори душава, така некако.
Од сенешто. Пеев на забавата на работа, со Мио. Пред сто години му бевме редовни врискачи на концерти, а еве сега со него делев сцена и микрофон.
Дешавки, мора да ги има. Да те носат некаде.
Добив и понуда за пеење во наш скопски бар. Чисто од разонода. И тоа којзнае како ќе почне и продолжи.
Во духот на добриот ден, со изнаспана глава, идам да си глеам филм и да пуцкам пуцки.
Чиаос.
М.