Сите чекаат нешто, ништо, некого, секого.
Мирувам и ми се мјаука. Карма на бившите случувања денес. Но ако.
Не ми се мрда никаде, еве сурфам бесцелно, по стоти пат јадам тиква со цимет и ништо не ми е јасно. Газот ми се претвора во палачинка, лицето во вулкански кратер, очите во коцки од мониторот.
Општа панична состојба, ујеа!
Мадафака досадно.
Не ми се верува, па верувам какви примероци на будали ем глупаци шетаат околу нас. Но, во тоа Нас наспроти Нив, или Јас наспроти Ти, секогаш стои личната предрасуда, проценка, ум и слични антрополошки глупости.
Разликите секогаш се потребни за да си се оправдаме дека не има, и постоиме вакви или онакви.
А јас постојам ко фикус во мезанин на комунистичко биро за развој со плафон ламперија и никој не ме набљудува.
О да.
Конформизам до даске. И така.
Слушање Фил Колинс на работа и те како отвара дизна дека стварно сум за греота.
Затоа, ти не слушаш, виртуелно суштество алијас кец ем нула.
Фала, ипак.
М.