Чудна работа се ова врскиве...
Во денешно време е уште почудно ако си сам. Тогаш си обележан како човек кој што има фалинка т.е недостаток, можеби проблем со либидото и можноста да задоволиш некого освен на тоа поле, така и на секое друго..
Зошто си сам? Како тоа немаш дечко?
Муабетов е ист со оној, имаш 100 евра у џеб, а 10 денари не даваш..
Не давам. Остај што не давам, не ни барам.
Фунционирањето ради партнер, сеедно дали е добар или лош, создава зависнот од постојано "имање" на некој покрај себе. Особено долгите врски. Најпрво се партнери во секаков акт, за после извесен период кога елементот на изненадување ќе испари и настапи рутината, влегуваат во една длабока и тешко променлива монотонија, што доведува до шарање наоколу. Како беше тоа ако не те фатат, исто ко да не се десило...
Вараш за да бидеш пак во врска, иако таа врска е одбивна, но без неа би вегетирал. Во најлош случај си жив мртовец и цел свет ти е крив.
Затоа ако не си во врска, ќе бидеш во некоја, во која што ќе се осеќаш сакано, исексано и замарано. А што ако заглавиш во истата за цел живот, чекајќи "подобра прилика"?
Луѓево треба да се запрашаат себе, зашто чуствуваат потреба да бидат со некого во врска? Дали е тоа поради самите нив или е поради луѓето околу нив? Сакаат ли моногамна врска или е тоа нешто на што чуствуваат дека се принудени?
Факт е дека во определни години, по определен број на партнери или определено време, постои еден определен притисок да се најдеш во вистинска возрасна врска. Но истиот тој притисок (другарка ми има дечко, друштвото ми излага во парови, сама седам во дискотека/кафич додека истата другарка се лапа со дечко и) создава очај и однесување кое ги одбива слободните и не ги разликува вистинските од погрешните сигнали.
Во определен период, поединечно кај секого постои очајот.
Штета што многумина заглавуваат во истиот.