Драга Кајгана (виртуелен дневник)

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.825
Поени од реакции
5.933
Драа,

Некои луѓе ми се како купечки ајвар.
Од надвор фенси налицкани, со скапи етикети на себе, а од внатре полни со црнки водлесто- лигави и безвкусни.
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Ќе си ја чуваш колата како очите во главата, ќе возиш по правила и прописи и на крај некоја будала ќе ти се залепи.

Сакам да сум му во главата онака да знам што има размислувано во тие 10 секунди. Дали треба да застане или да ми пресече пат на ептен прегледна улица. :tapp:

Денес може му го спасив животот што не возев брзо, закочив и избегав малку настрана.
Ама тоа е поради вакви други страдаат, а најчесто тие како најголеми виновници поминуваат без ништо.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
"Во последниве 20 години бројот на ученици во основно образование се намалил за скоро 63.000, а бројот на наставници е зголемен за 5.000. Оттука, просечниот број на ученици по наставнк е намален од 18,7 на 10,3."

Здружение за истражување и анализи - ЗМАИ

:pos: :pos: :pos:
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Многу мутав ден. На лева нога станат....без причина. Сите годишни времиња се сменија за 12 саати. Главата тупан цел ден. На работа, богами работно....
Си возев накај дома....во исто време почна и да ми се јаде и да ми се спие.
Ручав, се истуширав....притисокот уште толку ми падна. Сакав да дремнам ама веќе беше доцна за тоа.
Општо тежок ден, битно помина.
Добра ноќ, добри луѓе
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Мислев дека сум го допрел дното, али само што видов дека до ден денес сум го имал лајкнато идиотон Ден Билзеријан на фб. За ваков срам би се казнил со 10 удари од бамбусово дрво по глава.
 
Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Кајги, на работа сум.... :cuc: Мислам дека месецов платата своја на девојчињата ќе ја поделам, тоа како подредиле, како наместиле, како средиле, алал да им е. Се грижеле за дуќанот како да е нивни, не да работат за плата. Сигурно ќе добијат бонус за овие десетина дена. Работа има да пукнеш од работа, јас сум уште со пола сила, ама помагам. Ми најавија дека за 3 дена можеби ќе ми го извадат гипсот и ќе ми стават некоја лонгета пластична, нешто што само ќе ми ја држи само раката цврста. Ме прашаа што сум пиела, многу брзо зараснува, мора да сте правеле нешто ми вика докторот. Кога му кажав мојов домашен доктор со колку витамини и минерали ме кљука и дека за 10тина дена качив 3 кила од јадење се што чул, видел, разбрал дека може да ми помогне, слатко се изнасмеа. Ми ја ослободија шаката бар, сега можам да мрдам со прстите нормално, да фатам нешто, да држам телефон бар... :LOL: Се израдува господин супруг дека сум добра и се опушти малку. Вечер можеби ќе ја донесе пеперутката да одиме на вечера, да ја израдуваме со новиот лап топ за претстојната школска година, многу ќе биде среќна бидејќи никогаш не побарала ништо и е страшно скромна. Денес ќе и спремам и јас нешто со мојава ракаипол сила, ќе докупам нешто, ќе го спакуваме со девојчињата и вечер ќе биде забавно, дајбоже да ја пуштат! Сакала и госпоѓа кралица мајка да учествува да сме ја зеле на вечера, хахахахахахаха... Слатко се изнасмеав :ROFLMAO:

Да не ја должам, ќе изнесам сега девојчиња на ручек, па да се работи после. Убав ден!
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Дк

Ретко пишувам на темава ама да си ја отворам душава и јас малце и да ви раскажам нешто:love:.
Сабајлево колку слатко спиев да ни Мечето Ушко не ми беше рамен ау.Како бев стуткан под јорган да мислам дека ни крановите од џеваир не можеа да ме кренат.Следува тој период да кога ќе влезеш на табот кревет-соништа исчезнуваш.Ама имало торнадо мора да се евакуираме на побезбедно:Ако спијам,убаво ми е.Ама бомбардирале Натовци:Ако спијам,убаво ми е.
Било какви апокалиптични сценарија,од било каков карактер поентата останува иста.Убавиот мирниот,спокојен сон не се купува бе куриња :pos:,а шо ако ви кажам дека истата ова постела неделава ја делка Stranger Things,и му остана уше само неколку епизоди,и шо ако ви кажам дека серијава е Дали се плашите од темнината за сиромашни или за богати wait a minute :pos:,а шо ако ви кажам дека децава се партали:cuc:.Поентата ми е треба да идете на работа кој ги ебе,ама ако не идете ќе испаднете неодговорни,ќе може да ве избркат од работа кој ги ебе:pos:Ништо нема подобро од сон у овој период што следува ви гарантирам.
whatto лично и персонално :pos::pos:
1601564393799.jpeg


when schizophrenia hits hard

fe8022e62eb55f1f3844d9e9056274a3.jpg
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.567
Поени од реакции
81.068
Октомври и Ноември за некого се тмурни, депресивни и ладни месеци, али за мене овој период ми доаѓа како мелем на рана по летните горештини. Топло какао, неколку хорор филмчиња, џез музика додека паѓа есенскиот дожд, значи милина :love: Додуша ќе почекам за дождот уште неколку дена...

Канди Далфер :ljubove::ljubove::ljubove::ljubove:
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Прочепкав пред некој ден низ неколку подфоруми тука, нешто ми текна да се потсетам на некои постари теми, а и да видам какви теми имало низ годините пред јас да се зачленам. Стварно имало порано интересни теми и поголема активност, штета што порано не ми текнало да направам акаунт.

Инаку мислам дека најголемо раздвижување моментално му треба на подфорумот Музика. Некако многу ретко се постира таму и уште поретко се отвораат теми. Еве сега гледам има нова тема за бендови, тоа е супер. Пред 2-3 години беше многу пораздвижено таму. Се потсетив и на Kajgana Song Contest, исто една од поинтересните работи, не знам зошто престана, веројатно поради премал интерес.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom