Види вака ја земам мојата природна смисла за хумор и ја зголемувам за десет пати, постојат техники за тоа кои ги имам научено. Немам потреба да се трујам со дрога или алкохол за да се чувтвувам убаво, смеењето ти е природен хај, најдобро и плус беспатно е. А и сакам работи кои што се бесплатни кој не сака? Смеење, торенти, секс со убави жени хахаха. Никој не сака да слуша колку е животот тежок, се разбира дека е, или ситни некои мали злобни оговарања, капка по капка отрови на душата. Затоа смеј се и уживај, природно е бесплатно е, и кога правам стенд ап комедијантски хаос околу мене и сите се смеат до подмочување, тоа го правам поради себични причини сакам да се чувтвувам убаво и не сакам да слушам дека животот е тежок, затоа што знам дека е.