Си седев денес у парк и не знаев кај да се свртам, кај да се ѕверам, за што да мислам и што да правам со животов мој. И како и обично, си направив неколку фотки со апаратот, си зјапав по луѓенцата, си се шеткарав наоколу, седнав на клупите и пак зјапав во луѓето.Загледав една мајка и ќерка. Мајката, негде 30тина години (не дека е битно), си седеше на клупата одма до мене, а девојчето беше од оние слатките, малечките, душиче, да го изедеш. Со плава косичка, до раменици и големи сини очиња што сјаат, полни со живот. И си трчкараше навака натака и дојде до мајка и, и овој беше муабетот помеѓу нив:
- - Мама, може сладолед?
- - Не златка, не може сладолед сега. Уште е ладно надвор. Треба да почекаме уште малце.
- - Зошто треба да чекаме, мамо? Што ќе се случи тогаш?
- - Оф душо, треба да чекаме времето да се стопли.
- - Ама зошто? Сонцето ќе биде поголемо тогаш? Кога ќе чекаме?
- - Не, ама ќе сјае посилно.
- - Ахам... Епа ќе чекам тогаш. И сладоледот ќе ми биде повкусен тогаш, така?
И така си седев и си ги слушав, и уствари си почнав да си мислам.. Дали стварно работите се поубави и подобри ако ги чекаме? Што знам, не би рекла.. Можеби само повеќе ги цениме, бидејќи мораме да чекаме за да ги добиеме. Или некогаш пак, баш тоа спротивното ќе ни се случи.. После некое време сфаќаме дека уствари и не сме ни ги сакале вистински. Не ни биле потребни.
И така