Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
22 август 2022
Мислења
617
Поени од реакции
1.908
Караоке и новогодишна лотарија на работа ми е идеално место да видам со кого можам најдобро да се согласувам од новите колеги. Ако можеш без никаков стимуланс да земеш микрофон и да пробуваш да развеселиш толпа со твоето пеење без да ти е срам од венчето со рогови од ирвас на глава, не си лош човек. Секако овие моиве главоболки на две нозе не пееја, ајде уште 4 дена и меѓу нас нема ни преписки да останат. За лотарија бевме поделени во тимови, ние секако бевme во најлузерскиот тим на извлекување не добивме ни шекерни бастумчиња а за бингото за два броја не добивме ни требаше 54 и 12, значи излезе 45, 11, 53, 13 и слично само за инает нашите да не излезат.:ROFLMAO: Ама со правите колеги поголем кеиф е, барем нѐ анимираа во караоке делот.

Отсега натаму само весели луѓе околу мене Кајги плис. Официјално се пензионирам од функцијата отелотворен рехабилитациски центар сега тие околу мене треба да ми се како лек за овие другиве. Штом осетам бербат енергија, моментално елегантно се оддалечувам, фала многу пријатно.

A, ме потсетија. Понеделник ќе се откријат мистериозните дедо Мразовци и Снежани или ватевр веќе. Неделава завршивме со третите мини подароци, човек толкави луѓе 40 и јаче се подетинија Шерлок Холмс, проверуваат ракописи, по маси њушкаат. Ми викаат откривме кој е твојот, викам маните ме не сакам да знам, ако веќе мора да правиме барем духот да остане. Инаку мојот сикрет Санта ми чита мисли буквално, сѐ се кандисувам да си купам ракавици никако да си купам, погоди што е третиот мини подарок. Искрено повеќе ми значат пораките на картичките, нив повеќе ги чувам од подароците.
 
Последно уредено:
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.602
Поени од реакции
7.485
Не,не е проблем што направиле судар на сред улица. Проблемот се сите оние поминувачи со два на саат непрозвани да направат независен увид во несреќата и проценка на штета. Е од тие е целата гужва. Мала држава а толку стручњаци за се.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
617
Поени од реакции
1.908
Со децава шо им ја читавме таа позната приказна за семејство, денес правевме експеримент по природни науки. На крај со мојата група се спремивме да средиме лабораторијата, јас зедов метла, едно дете ми вика No, Ms *** , you are a lady, I will do it, it is my class duty.

You are a lady бе:pipi: Се збунив, пак го прашав да не рекол демек lazy си , ќе ја оплескаш работата, толку ретко слушаме убави работи ние како жени. Алал на тие мајка и татко што го воспитале. Ако во следниве 2 години родам женско, идам кај мајка му да се погаѓам за сваќи.:D Сонце малечко.
 
Член од
4 октомври 2019
Мислења
571
Поени од реакции
1.151
1. Se kacuvam vo 7 da fo preminam gradot od istok na zapad ama gledam da kupam karta za sekoj slucaj posto kazna e 100 evra. Vleguvam vnatre vozi devojce uci za sofer i dvajca seniori soferi vikam Bitte carte. - Kein problem zemoo uzivaj...
Daj da si kupam karta, - Nemora Zem4e se e rpeku mene ako dojde kontrola jas sam tu....

Se vozam jas poleka i gledam na sekoja stanica site patnici gi pozdravuvaat soferite i se slimnuvaat doaga i mojot red, vikam hfala decki da ste zivi i zdravi, Zemo ne sekiraj se ce da castis tiket jedan znamo gdesi, dogigemo na kafu, te znaat od grad od 200k ziteli....
Carevite cel avtovus nikoj ne plaka karta site gi castat pa trazis Evropa...


2.Drugiot den pravam na deteto rodenden doaga edna BosanKa hiperactive model, posto deteto i e rodeno posle 01.09 nema pravo na gradinka mora da ceka do godina kako mene ama vika:
Fatio sam vrske u kindergarten mozda moe dete prime odnesicu nesta..... KAKO BRE ZENO I MOETO DETE E VO DEKEMVRI RODEN PA PREMINAV NAD 20 GRADINKI DA PITAM NIGDE NE DOBIV GRAM EMPATIJA NI VRSKI NAJDOV....

3. Trazam zs deteto zabolekar da odi prvi pat napravi 3 godini... odam na edno mesto se svabi ne se razbiras ti vikaat Maj odas sledna vrata....

Zemce kako e i moeto dete se vika kako tvoeto, prvata poseta e za 20 juni ama posto sum jadel jagne vo tvojot grad ke izbacam nekoja Svaba ke te baram vo Mart Ti samo uzivaj.....

OD STO BEGAS STO NAOGAS
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.602
Поени од реакции
7.485
Манер кокос и Манер лимон од ОМВ у Србија.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.490
Поени од реакции
7.994
Драга Кајагана,

Направив месец дена на бродов :) Викинг Марс :)
За тоа како си поминувам на бродов пишувам блог, еве линк од третото поглавје за овој договор :)
 
Член од
30 октомври 2022
Мислења
567
Поени од реакции
1.514
Во врска со социјалните мрежи.Стварно не знам шо е со љугево опседнати со зло и негативизам.Читам на FB за некоја сообраќајка со жртви или самоубиство,замјотрес и оп лајкови еден куп.Шо е бе со овие бедни и злобни ропаци шо лајкуваат такви трагедии?И не се такви само бумерите,многу такви психопати има и меѓу помладите генерации.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
5.126
Поени од реакции
7.796
Kajgi,
Kakva radosna vest od pred nekoja minuta!

Vladava reshila za praznicive da go poevtini gorivoto za 30% na odbrani benziski niz. Makedonija.

Na LINKOV mozhite da gi najdite benziskite.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.546
Поени од реакции
87.746
Ме интересира спорт, историја, астрологија, филмови, музика, сакам да гледам документарни за праисторијата, за грците, еѓипјаните, средниот век, сакам да го слушам Карл Сејган како збори за Космосот... Ама вчера враќајќи се со такси накај дома, таксистот имаше пуштено Радио Лидер во кој се разбира Господин Господин Љупче Златев со некој друг соговорник жестоко се караа за тоа кои биле сељаците во Скопјево, дали дојденците од страна или старите скопјани. Дојдов дома и морав да ја дослушам таа дебата од круцијално значење за животов во државава...

Муабетот ми беше, понекогаш и самиот мозок ти бара одмор, да се испрди и да заглупави со вакви дебати и дешавки...
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.091
Поени од реакции
11.536
Нели празници и се среќаваш со познати, па ајде по некоја пијачка лаф муабет.

Му идат на гости на едни другарот со жената и ајде сега се договараме поголемо друштво да ги прошетаме да видат шо ќе видат. Се среќаваме и ај да седниме на кафе некој план да напрајме ова она... му викаме абе имате тука на 50км најпознатото и најпосетувано обележје во Германија, годишно преку 6 милиони туристи идат да го видат.

- Абе остај то, не ни треба, шо ќе одиме бадија зграда некоја да гледаме.
Дај да седниме некаде на кафе пак или некој трговски да посетиме.

:yid: :yid: :yid: :yid: :yid: :yid: :yid: :yid: :yid:

Да дупниш 2000 и кусур километри, без разлика дали со кола или авион, туристички идиш во туѓа земја и да те интересира само да одиш во трговски или на кафе, а не да видиш нешто шо спаѓа во историско и културно (цивилизациско) наследство.

Нормално, после кафето „ми излезе една работа“, се поздравив и ги оставив да ги разглабаат убавините на трговските центри.
 
Член од
30 октомври 2022
Мислења
567
Поени од реакции
1.514
Никогаш до сега во човековата историја жениве кај нас и на запад не биле до олку преценети!
 
Член од
22 август 2022
Мислења
617
Поени од реакции
1.908
Темите за истражување со групите од проектот конечно ги објавија.
Мене ми се падна петка од целите за одржлив развој - полова еднаквост. Интересен избор за ментор според потекло. Башка, во групата има само 2 девојчиња другите се машки. Мислам дека на крај ќе излезе поинакво истражување од досегашниве.

Друго. Тука геј популацијата убедливо најубава гардероба има. Една утка немам видено. Вчера ја таква замотана ескимо со џиновски топлинки за уши ко слушалки шо се тие као млад поносен homeless looking intellectual се враќам дома, комшо една бунда облекол, два дена ја мислам, а дотогаш во живот ич не ми паднало на памет. Не ми е ни стил.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom