Караоке и новогодишна лотарија на работа ми е идеално место да видам со кого можам најдобро да се согласувам од новите колеги. Ако можеш без никаков стимуланс да земеш микрофон и да пробуваш да развеселиш толпа со твоето пеење без да ти е срам од венчето со рогови од ирвас на глава, не си лош човек. Секако овие моиве главоболки на две нозе не пееја, ајде уште 4 дена и меѓу нас нема ни преписки да останат. За лотарија бевме поделени во тимови, ние секако бевme во најлузерскиот тим на извлекување не добивме ни шекерни бастумчиња а за бингото за два броја не добивме ни требаше 54 и 12, значи излезе 45, 11, 53, 13 и слично само за инает нашите да не излезат.
Ама со правите колеги поголем кеиф е, барем нѐ анимираа во караоке делот.
Отсега натаму само весели луѓе околу мене Кајги плис. Официјално се пензионирам од функцијата отелотворен рехабилитациски центар сега тие околу мене треба да ми се како лек за овие другиве. Штом осетам бербат енергија, моментално елегантно се оддалечувам, фала многу пријатно.
A, ме потсетија. Понеделник ќе се откријат мистериозните дедо Мразовци и Снежани или ватевр веќе. Неделава завршивме со третите мини подароци, човек толкави луѓе 40 и јаче се подетинија Шерлок Холмс, проверуваат ракописи, по маси њушкаат. Ми викаат откривме кој е твојот, викам маните ме не сакам да знам, ако веќе мора да правиме барем духот да остане. Инаку мојот сикрет Санта ми чита мисли буквално, сѐ се кандисувам да си купам ракавици никако да си купам, погоди што е третиот мини подарок. Искрено повеќе ми значат пораките на картичките, нив повеќе ги чувам од подароците.