Сите знаеме да му трубиме на човек да најде работа одма. Но не сите знаеме на кого треба, а на кого не треба да му трубиме да најде работа одма.
Немање волја и имање мрза не се исто. И немање можност е различно од овие.
Без добро ментално и физичко здравје и поволни можности колку и да сакаш да работиш уште денес, не можеш.
Како никој не се нафаќа барем малку да го подобри светот за да нема безволни и мрзливи луѓе?
Секој е прв во редот за осуда, а никој нема во редот за решение.