Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.818
Поени од реакции
6.404
Кеј јеботе,

пред некоја недела во Октомври, далечна 2007ма излегол албумот Блекаут на д леџендари мис Бритни Спирис. А немаше ни Гугл Дудле, ни потсетник ил плејлиста на Спотифај, ништо.
Ајде барем некој да го испоштува. А кој ако не јас? човекот што ако беше албум - ќе беше неговата делукс верзија, ако беше кола, ќе беше Ауди, ако беше шампањ ќе беше Дом Перигњон и така натаму..
Значи јас. Ајмо.

На 25ти Октомври, 2007ма, во Европа, и неколку дена подоцна на 29ти Октомври во САД, издаден е албумот Блекаут - Прокрварен. Истиот доби платинум сертификат истата година во Ирска, Полска, Русија и САД.
Турбулентна година за една американка. Додека нејзиниот бивши опсесивно вадеше Албуми инспирирани од неа, јавноста ја презираше, за нејзиното неверство кое кладе крај на нивната врска неколку години претходно. Џастин испеа неколку доста клети песни ко Исплачи ми река, или Сè! се врти, сè се враќа, сè се плаќа - во кој што спот русокосата (глумена од Скарлет Јохнасон) беше убиена во сообраќајка. Заедно со него, се чини и многу други и посакаја зло. Него нема да му замериме, бил повреден или како и да е. Да поскаш смрт некому е сепак тешка крајност.
Бритни е инаку далечна братучеда на Монро, по таткова страна од Мерилин, кој оваа никогаш не го запознала. Спирс за разлика од неа, имаше проблеми со својот контрол-фрик од татко, кој сеуште ја третираше ко да е 11сет годишно девојче, што уште не добило менструација. Иако имаше 27 години, повеќе цепеше накај 30ет отколку накај 11сет. Скрутина од јавноста, скрутина од пола свет и од тој на кој мислеше дека ќе му роди деца. Она најболно, скрутина од сопствената фамилија - Спирс се навлече на дроги. Пошто токму тоа го прави човек, кога и сам посакува да заврши неговото на овај свет. Пороци.
Албумот е повеќе мрачен (според Ријана европски - електронски), а не попси и забавен, погоден за тамошниот пазар.
Единствениот Албум на кој ја гледаме со (гавран) црна коса од цела нејзина дискографија. Коса која подоцна... (криза на идентитет).
Блекаут - како човек кој штотуку бил стрелан, па неговата бела рака се струполила на подот, а низ кошулата полека се впила крвава флека. Ептен фит име носи албумот. А таа носи розев фустан со перја и шешир, во доста кабаре поза? Со тоа сака да потсети на времињата кога татко и, лично и градел мала бина дома на која таа танцувала и забавувала на свои 5 години. Пораката е една, таа сеуште смета дека е родена за ова. Дури и низ толкава тежина, таа не се сомнева - родена е само за ова.
Сликите се на холандската фотографка Елен фон Анвортх.









Блекаут е нејзиниот најдобар Албум. Она што за Депеш Моуд е Виолатор, тоа е за Бритни Спирс Блекаут.
Слушаше светот од Њујорк, преку Берлин и Москва до Токио.
Слушаше и еден, тогаш мал Македонец, таму негде во 2007ма, во себе се молеше таа да преживее.
Изненаден бев ко го слушнав Шанац - Тони Михајловски, кај што ги тумачи настаниве. Тој беше на нејзина страна, ова бетер ме изненади. За Џастин рече дека пеел ко некој да го стиснал за тестиси.
Мене спотов ме чинеше тажен тогаш. Сега го рскам со волјум 100ка по Швајцарииве.
Животот е кучка. Не е за тажење.
They want more..? well I give them more.




17ет години БЛЕКАУТ.
 
Последно уредено:
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.735
Поени од реакции
8.754
Кајгич,

Ребека пред бог знае колку години пееше "во светот полн со револвери, јас и ти сме аматери" и како девојчурак ми беше ептен слатко.

Денес не сум девојче, ама аматер сум уште, само не знам кој сè крие по некој револвер.
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.532
Поени од реакции
3.300
На мои 47 години тек сега сфаќам дека целиот мој живот сум бил заљубен во жени кои сакаат да ме убијат а ја наивен мислев дека ќе се конектираат на мојата фреквенција која им ја пружам онаа чиста и искрена која доаѓа од длабочината на срцето..Па има ли поголем автосадизам и автомазохизам од тоа,да си заљубен во убиецот..Само Исус Христос не го злоупотребил тоа и ми враќа тродупло на искрената емоција кога му се обраќам..
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.166
Поени од реакции
1.042
Драги , а бе ја мислев си знаел англиски нели ти нагоре надолу низ старите европи ,слушаааај...
Justin Timberlake -Cry me a river не се преведува ,,исплачи ми река ,тоа и дете ќе ти каже тукуууу
Плачи колку сакаш! И да ,се однесуваше на Бритни па нели тој така се прослави после ,,Nsync...

Ама кој те научи буквално да преведуваш?
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.309
Поени од реакции
6.245
Добро почна денов. У wc на работа до мене колегата влегол пуштил телефон мислејќи дека е на слушалици кога рокна на цел глас “Tired of jerking off alone?” реклама ко го фати една паника паѓање телефонот на плочки праење сол.
 
Член од
28 ноември 2022
Мислења
367
Поени од реакции
616
13.11.1944 Slobodno Skopje -Da zivee slobodno Skopje

SOBRALE SE MLADI PARTIZANI

Sobrale se mladi partizani,
sobrale se na Kitka Planina,
sobrale se na Kitka Planina.
Formirale Dvanaesta Brigada,
drugar Buzo komandant im bese,
drugar Buzo komandant im bese.
-Slusajte me, braka partizani,
da pojdeme gore na vrv Vodno,
da pojdeme gore na vrv Vodno.
I od tamu borba da vodime,
da oslobodime porobeno Skopje,
da oslobodime porobeno Skopje.
Pa mi pocna borba da se vodi,
oslobodiva porobeno Skopje,
oslobodiva porobeno Skopje.


Koj ne go gledal, ,,preporacuvam da go gleda,, filmot na Rade Sherbedzija //go ima i besplatno na internet//!
Osloboduvanje na Skopje
Ubavo ,,doloveno,, sepak ,,na kratko,, sto i kako bilo. Neka ,,go izgledaat,, Bugarskite ,,forumski clenovi,, i da se vidat dali bile ,,administratori,, ili OKUPATORI! Zosto izgleda so istoriski knigi i fakti nesto slabo im ode.
I ,,mladinata,, nasa, koja za zal nisto ne znae od Istorija vrzana so Makedonija, barem ovoj film neka go izgleda. Posle prstot na glava i ,,neka razmislat,, ako imaat ,,malku kapacitet,, pa da odlucat dali tamu ,,da apliciraat,, za tie pasosi, drzavjanstva okupatorski. Malku oci da otvorat, malku mozok da ,,uklucat,,!
Denesnite deca, kniga vo raka ne fanale, ne videle pa e tolku tazno koga covek saka ,,da prozbori,, nesto konstruktivno so niv. So golemi bukvi - CITAJTE KNIGI! Nema nesto poubavo od kniga.
 
Последно уредено:
Член од
4 август 2018
Мислења
1.532
Поени од реакции
3.300
@Stern Секакви безрбетници сега пишуваат книги и читањето не е никаков параметар дека ќе бидеш попаметен или ќе влезеш во ,,филмот" на вистината и ќе бидеш заштитен..Книгите ќе ти овозможат да го прескокнеш редот од трлото кое е спремно за колење и да избиеш меѓу првите така ја гледам на работите..

Иначе што ми беше муабетот..На сцена стапуваат новите Христови апостоли кои не живеат по пештери,кои се праведни во срце и погани на јазик.Поганоста им е две во едно (и мечот и шилдот) за борба против безрбетници кои ти пристапуваат со преко 100 смислени прашања и подпрашања со цел да ја разнишаат верата во тебе за да бидеш еден од нив..А тоа им паѓа во вода со оглед на факатот дека верата во тебе не користи овоземни материјали и елементи кои ги има во менделевиот систем..
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.309
Поени од реакции
6.245
Јуле колешкава срцка али човек боље да ја рипне него да ја заобиколи. И се стаила у филм ракета до лета, и гледала некој reel дека се било уствари у главата и еве веќе 3 дена ја гледаме како јаде една банана од сабајле и после на секои 15 минути збори на глас како се прејала како и е тешко. И тоа било демек мантрата за слабеење и намалување на апетитот, да се убедела дека е најадена. Како утре ќе и го истестирам искушението со едно вруќо четвртинче со мевце од кај Беки, нема да може да се излуфтира кујна 3 недели после.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.508
Поени од реакции
26.123
Драга,

памтиш што ти пишав за девојката што ме откри дека сум кајганџија и ми рече дека тоа ми е најголем ред флег ?!
Епа вчера ми се скара и не збориме више. Ваљда нејзината добра и поштена душичка не можела да го издржи овој мачоизам и сигма зрачење на темите. Башка ми рече и дека јас и сите со кој што сум делел мислења на форумов биле пропалици, инцели, емотивно повредени и дека биле нереализирани дечковци, мажи и родители и затоа сме си се поштувале тука за да си го јачаме егото.
Штета што беше глупа, барем интересен муабет за мачиња си правевме.
Не знаеш какви добри рилсови собрав и не и ги испратив поради караницава. :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom