Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
1 декември 2014
Мислења
2.334
Поени од реакции
4.641
Ејјјј ме изнaсмеa типкaвa:pos:
Јa викaл некoј кoмшијa нa гoсти, aмa не oделa пoшo се плaшелa дa не јa викaл зa без oбврски.
Јa мислaм 100% зa некoјa услугa те бaрa. И декa муaбетoв е кaкo oнoј у лифтoт...женскaтa му викa нa мaшкoтo aкo ме дoпреш викaм нa цел глaс, oвoј и врaќa и јaс истo :sleep:
 
Член од
16 мај 2016
Мислења
454
Поени од реакции
614
Народна банка апелира да не сме вложувале во крипто валути. Ги користеле во криминални активности, како крипто валутите од белизе на пример.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.151
Поени од реакции
16.088
Драга,

Досега не знаев дека има и такви мајки кои на ѕидовите на учителките на фб им пишуваат како се они среќни и задоволни што нивното дете се погодило баш во нејзиното одделение. Со триста фини епитети кон дотичната учителка. Тоа се тие родители што лижат гз цел живот, што за 10 години нивното перфектно детенце ќе прерасне во невиден гениј на школо и 5+ ќе вади на писмени, после на факс ќе биде најпаметниот од сите и ќе се тепаат фирмите кој прв да го вработи откога ќе заврши, Трамп и виза може ќе му прати да работи во УСА, а нормално, тоа истото детенце ќе ја продолжи ерата на неговите родители во лижење гз цел живот. Тоа ти се тие вредности што се пренесуваат од колено на колено.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.626
Поени од реакции
9.816
Се осеќам како оние дедовците што ми ги дупеа топките кога бев мала. Како што сум јас сега, така тогаш ги замислував нив. Седнати пред тв, намуртени со цигарчето во рака, се им смета, со ништо не се задоволни, да се насмеат за нешто шанса нема, тотално незаинтересирани за нешто продуктивно за животецот нивни, слушаат само некој да мрдне па да мрчат колку сите ги малтретираат, па после си коваат планови за одмазда до некое ќумбе, ама околу него не седат внуци зошто дедото е мн нервозен па ги растерал сите по дома. Којзнае што ми е. Не сум ова јас.
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.324
Поени од реакции
17.789
Се сеќаваш еднаш кога по грешка се лупнав у ретровизор на паркирано комбе? :angel: Историјата се повторува. :ROFLMAO: Само овојпат се спукав во паркирана кола. :X3: Среќа што беше поголема, да беше на пример некое фиќо, најверојатно ќе се придвижеше нанапред и ќе се лупнеше во таа пред неа, бидејќи беа поприлично блиску паркирани и ќе имаше судар на две паркирани коли. :oops: А бе знам ја која кола да не ја видам. :ROFLMAO: Најсериозно не ја видов. :D Тротоарите и онака служат за паркирање на коли, одев по работ на тротоарот пошто немаше место каде, од позади слушам кола, да се свртам да видам дали иде накај мене и бааап напред се слупав у другата кола. :ROFLMAO: Деновиве очекувам модрица колку мене да ми излезе на ногата. :icon_mrgr: Жива среќа шо колата немаше аларм, па не почна да звижди. :pipi: Глеаш? Среќа у несреќа. :D Другаркава цели две минути не можеше да се соземе од смеење. Ок. :X3:

А пази, другарка ми вика: - Мајка ми те видела во автобус, ти рекла Добар ден, ти само си поминала покрај неа. Ме праша дали нешто си лута. :unsure:
Човек, дали си свесна дека прашуваш човек што не приметува и се мава во паркирани коли и комбиња, а ти за една жена ми збориш? :ROFLMAO: Та била - та не била. :ROFLMAO: Сериозно, доста души ми се жалат пошто не сум ги поздравила, ама најискрено некогаш не ни приметувам до кого поминувам. :toe:
Остај тоа, во средно во една професорка како се лупнав. :facepalm: Каснев за на час, брзав и оооп она од негде се појави пред мене. :X3: Си викам, ќути, среќа не ми предава, поима немам како се вика. :D Наредно полугодие знаеш кој ми предавашеее? :P У очи не можев да ја погледнам и само се прашував дали уште ме памти. :ROFLMAO: А бе па сеа луѓе сме, грешки праиме. :D

А, да. Со една нога влегов во полуотврена шахта. :ROFLMAO: Не е до мене, сериозно, темница беше. :ROFLMAO:
Пред некој ден идам накрај продавница, во едната рака го носам ѓубрето за да го фрлам, во другата парите... ииии погодете што заврши во контејнер? :tapp: Среќа што беа ситни парички. :noze: Не бе, десет нацртани овци да ми ги дадеш, ја единаесет ќе ги изгубам. :facepalm:

Ај, доста ти пишам више, ееее. Ај, чао. :D
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Тие примитивните простаци што 'разговараа" со икони и што предвидоа силен земјотрес за вчера, што ќе го сруши Скопје до темел, нека излезат да се извинат на останатите примитивци кои им поверуваа во тоа...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Од секогаш ме нервирале оние глупине телефонски повици кои се измислени само да ти потрошат време а имам забележано од познаници и патувања дека постојат само на Балканов. За кои зборам? За повици како прво од типот на се договарате да излезете утре во 20:00 негде и ти вели другата страна - ај ќе се преслушнеме пак. ?????????????????? Зошто побогу би се преслушнале пак освен ако на некого не му искрсне нешто и мора да откаже? Која е поентата да се тера истиот муабет пак?

Второ, поврзано со истата тема, одите да се најдете друштво на договорена локација и ти врти некој од друштвото и ти вика, еј, јас излегов од дома, тргнав. И што ако излезе? Молитва за излегување да се каже во твоја чест, лото да се уплати по тој повод?

Трето, еј во Рамстор сум и само што ти помина бившиот. Факт од кој сон не те фаќа, бившиот имал нозе, одел и поминал некаде!!!! :eek: Значи едноставно оставаш се од работа и обврски што имаш во моментот, земаш вода, не помалку од три лажици шеќер и правиш напори од петни жили да се смириш и повторно да се вратиш во колосек.

Четврто, ти врти некој за услуга или молба и имаш вртење киша око Крагуевца додека се прејде на главното. Ок, извини се што сметаш, прашај дали е незгодно време таман работа ама прашања кои чувствуваш едноставно дека се направени да те замлатат само и се во стил твоите добри дома, фасадата ја направивте ли, кучето лае ли уште, кантата за ѓубре ви ја собраа ли денес или ве промашија, епа нас не ни ја собраа, брат ми не ја извадил хехехехе :facepalm: :tapp: прејди на главното и не троши време.

Обожавам директни луѓе, луѓе што знаат со една реченица да кажат се` што сакаат и што не комплицираат. Ама за жал изгледа и малку ги има и иако ги има, ги гледаат другите како нешто да им фали или ладни, некомуникативни биле и не се замарале. Пример од завчера, купувам фустан за свадба и мајка ми ми се крсти како сум можела од втората продавница кај што сме влегле да го купам. Па од втората ќе го купам бре жено, од дваес втората ли да го купам? Пред да излезеш од дома ќе си зацрташ во главата што сакаш и понатака е многу полесно и побрзо ќе си најдеш тоа што бараш. Да не сум нашла негде поубав па да сум се премислела ама не можеш да објасниш дека ако најдеш нешто што сакаш, тука потрагата завршува. Ете ги нејзе и сестра ми, 3 месеца шпараат по дуќани, на 2 дена до свадба уште се туфкаат, се мислат како ќе изгледале, абе сите во вас ќе гледаат, нема грешка им викам, позамарајте се уште малце, имате време.

И така...
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
д.... спушти ги пердињата, затегнија ламбата,залости ја вратата,
пратиги децата зад порти нека наслушуват да не иде некој...
сакам да ти кажам нешто важно (за .... ......... .......... .. ....... ... .....)
но да видиме прво дали Беркут сега ќе се јави.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Драга Кајгана,
Забранија во државава да се емитува српска и хрватска музика, што е крајно идиотски. Ама да забраниш да се емитува Македонска музика во Македонија, колку треба да ти е паметот?:confused: Случајно да не сакаат да се емитува само Чкљ музика во Македонија?!o_O

Почнува да ме заплашува да не ги забранат и Македонците во Македонија:unsure:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom