Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Драга ...

секогаш ми недостасува време ден пред да одам некаде. Така и денес. Среќа ми се откажаа некои планови па остана пола саат луфта. Уф како убаво ќе ми дојде Охрид на неколку дена.
 
C

Crux

Гостин
Уморена преѓе, ај демек сеа ќе преспивам, си идам и директно в кревет. Се будам ко некој мајмун дезориентиран, стандард не знам шо ден сме. Земам телефон гледам 1 Јануари 2005. Си прелегнав.
Turns out, тенеќево мое мајтап ми играло и само си ресетирало дата и време. Еве ме сеа на кајгана дремам, не знам уште што ден сме, а и мака ми е шо не останав в кревет барем да си поспијам уште некои 10 години.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.773
Поени од реакции
17.691
Македонија се буди, Македонија ќе ја одбраниме, Битола се буди. Кој се буди бе, кој ?!?! Вие сте заспаните ебаве овците никакви. 60.000 се собрале. Еј 60.000 се собрале а автобуси од цела Македонија носеа, ај напрајте математика која мизерна бројка е 60.000 а од цела МКД влечкавте и деми сендвичи не му дававте? Клипојте излегој бе како на кучиња во пакет му ги носеа цццц. Браво, браво. Па уште коќе видам кој се тие 'разбудените' шо треба да не 'будат' транспарентите шо ги носат напред има пролив, дијареја, запек, повраќање, отровање све во едно да те фати. Луѓето шо средно татковци му завршија со канта сирење и со париња, и други шо цел живот бубат на памет и еден испит неможат да положат, АМА битно во РЕК можат да викат - ВМРО ме вработи не работам, а по улица на др му велат партиски ќе ве вработат оти не ве бива...

Проста раја човече
 
B

Blade Torch

Гостин
Се молат одговорните во штабовите да се потрудат да пратат на форумов некој левел попаметни суштества од пратените, оти не можам јас по цел ден во вц ради нив да го поминувам. Знам дека е тешко, скоро невозможно, ама keep diggin'.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Некој растеше со Шарам-Барам, некој со Баравте-Гледајте, некој со По 2000, ама некој очигледно бил фан на Арсен Лупен.....барем Арсен Лупен крадеше со стил.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.889
Поени од реакции
67.519
Си идам прееска накај дома, ми иде комшо од карши, ВМРО-вец до срж. Многу добро се знаеме од партија, 2006-та бев претседател на огранок на младите, бла бла, партии мартии се дур не си отидов 2008-ма од Македонија, на него му поднесував сметка.
Арно ама, у последниве неколку години, како што растеше апсурдноста и налудничавите потези на партијата, така и ми се намалуваше симпатијата за челните луѓе. Многу пати, ке се најдеше нешто што ке ме погоди до срж, и ке си пишев ироничен статус на фејсбук.

- И му викам, ко што ме воспитале дома, Добар ден комшија, братов ладно ме погледна и си помина.
Си мислам, кој ти пенис...

Влегувам дома, и онака, уште у прашалници, као, што е работава, кај сум му згрешил на човеков. И кажувам на мајка ми дешавката, а бе вика он си зборел по народ дека ти испрале мозок од СДСМ, партијата толку многу имала доверба во тебе, сега ти плукаш по нив, ти понудиле и работа претходно, бла бла...

Ми се составија жичките.

Грујо треба да владее уште 5.000 години, како омен за нивото до кое им го испрал мозокот, лоботомија на центарот за логика. Ако малку реално ги согледаш работите, и направиш баланс, и знаеш каква е реалната ситуација, одма си на другата страна. Имав можност да присуствувам на партиски состанок на младината пред некое време, во кое, искача типчево и вика
- Ваше не е да размислувате, туку само да работите по дадените инструкции.
1. Споделете статус на ОК
2. Лајкувајте статии кои го поддржуваат Грујо
3. Отстранете го од пријатели секој кој е про-СДСМ

И овие овциве климаат со глава. Гледам и не ми се верува. Се нервирам што потоа некој се продава за сендвич. Истиов тој сендвичар решава за мојата иднина, за иднината на моите деца. А не знае за што протестира.

Кога сме кај протестите, најкриво ми е за тие 10-20% луѓе кои навистина ја сакаат Македонија, и сакаат промени на подобро. Ова останатово што е на протести е со една цел, фотеља за да може и тие да се нафатираат. Народот пак ке си го јаде. Веќе неколку дена ги буцкаат, за да паднат масовни ќотеци, и да се истепаат едните со другите. А ке се случи такво нешто, прашање на време е само.

И дур Зајко и Грујо си тераат инает. се почести се заканите од ЕУ за стопирање на кредитите. Со тенденцијата со која се задолжуваме, давам рок од 7 дена за почеток на граѓанска војна.
 
Член од
8 јули 2015
Мислења
181
Поени од реакции
593
Драга,
денес сретнав човек што многу личеше на дедо ми. За малку не му реков "Дедо ти ли си?:anco:
Често знаеше да ме поведе со себе кога одеше на пазар. Многу ме сакаше, цела копија сум на баба ми веројатно затоа. Јас одев дека ми купуваше лижавчиња (такви едни со прегорен шекер ги правеа). Секогаш ми купуваше по нешто. А јас манијак по благото. ;)
Еден ден не сакаше да ми купи ништо. По пат накај дома влеговме во една продавница и ми купи "Не лути се човече". Незнаеш колку бев лута што не ми купи сладолед. Лето беше. Потоа цел летен распуст пред 4то оделение го поминав играјќи не лути се човече со него. Се знаеше штом дојде 19 часот коцката се фрлаше. Игравме дур мајка ми не викнеше дека е време за спиење. Секогаш играше со црвените човечиња. Со тек на време преминавме и на играње карти:vozbud: Коцкари што да правиш. :pos: Игравме се дур се држеше, потоа кога падна болен не можеше веќе иако сакаше.
Кутијата со не лути се човече ја чувам и ден денес. Моиве првин сакаа да ја фрлат ама кога им реков ќе летите и вие со неа, се предомислија. Потоа сакаа да ја дадат на дете на братучетка ми, ама ни тогаш не им ја дадов. Спомен си е спомен какво фрлање.
Може добри 5-6 години немам одиграно партија не лути се човече. Нема со кого, никој не сака да игра. Се би дала за уште еднаш да ја фрлиме коцката заедно. Ама тоа е животот.:toe:
Често ја слушав другарка ми како се жали "старкава (баба и) неможам да ја трпам веќе".Неможела да седи со неа, дома им сметала само.:facepalm: Еднаш и удрив шамар. Па некој цело богатство би дал да може да ги прегрне баба му и дедо му уште еднаш.
Нема ние сме поголемо животно од самите животни.
Почнуваме да го цениме тоа што го имаме дури кога ке го изгубиме.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.773
Поени од реакции
17.691
ДК

Пак јас еј мора да сум ти досаден денес :D али шо те ебам и тебе :)

Овај постов погоре на @vidooq барем крајниот дел ќе го изменам малце и утре ми оди на статус т.е. дел од него. Па кој ги ебе сите, најверната другарка некни ми се пушти навредена била од мајтапот на настанот, шо напишав толку лошо ? - ' se zaginaf vo siti mol, kaj sve!?' е толку...

јбг шта чеш
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
^^^Еве поминаа неколку години од кога почина баба ми и уште чекам да почнам да ја ценам. :icon_lol:
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Алко мудрост #862 - ''Шо помала тајфата, толку поопасна софрата''
Знаеш дека си дно дна од човек, кога после 6 часа сулудо пиење и дамладосување само со 1 другар, се отвара муабет за цркви, крштевки, кумства, свадби, женечки, мажечки (класик стегање на другар шо е у иста врска толку долго, шо ни бившите не му ги паметиш), за крај финиширате со СВАДБЕНОТО МЕНИ шо ќе го има на фиктивната свадба, ти браниш свинско печење и квалитетни мрвки, а он некои си фенси шменски шведски столови со кинеско-мексикански апетисани и закуски, мајтапот преминува во крајно озбилна и заострена дискусија, почнуваат да се косат конвенционални и современи ставови околу јадењето што од секогаш го имало по балканските и она што треба да го има во иднина, разбирачка никако не наоѓате, се спукувате, ти се осеќаш напиздено и крајно увредено оти ќе пропадне свадбата на другарот (WTF:facepalm:), викаш такси скришно без он да те осети и му киднуваш без да му кажеш. Тоа е. После 8 часа он ти врти и те буди од сон, се смеете на катарза муабетот и понашањето, договарате кафе и гледање ракомет после .. А кафето си знаеме дека може да се развие у нешто друго и опет одново. Бестис:angel:!! Се одјавуваме сега и се читаме со иднина со некои нови муабети и случки, од некои други пијанки и софри. Пис аут енд хев а најс уикенд.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Кеј,

Времево надвор е како жена во климакс... 5 мин е топло после одредени некои 20 мин почнува да врне, па тогаш веќе заладува си облакаш дуксер и после 1 час веќе си на маица...

исто пу исто како жена во климакс... :D
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.610
Поени од реакции
9.773
Две селa вo Битoлa игрaле кoшaркa и тoa цели 100 мин. Резултaтoт нa крaј бил 0:0. :LOL:

Пoсле нaтпревaрoт, стручни лицa јa утврдиле причинaтa зa тaкoв резултaт. :D

Тoпкaтa билa пoгoлемa oд oбрaчoт. :ROFLMAO::ROFLMAO:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom