Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.963
Поени од реакции
25.534
Не сакам да створам завидливост, напротив, сакам да ви направам споредба и да предизвикам револт. Револтот раѓа бунт. Јас сум изреволтирана што некој го трпи понижување, а некој ужива во поголеми права.

Ресторанот во кој работи машкиот, а и јас работам периодично, организира после секоја туристичка сезона некаква дешавка. Одење некаде на ден - два, забава, дружење, некакви активности во зависност од местото, јадење и пиење колку сакаш, понекогаш и преспивање(ако не однесат некаде далеку) и сето ова, плус патни трошкови, е покриено од фирмата. Истово се случува и пред Божиќ и Нова година. Синоќа бевме во еден скап ресторан, а претходно бевме собрани, сите имавме купено по еден подарок и преку една интересна игра си ги разменивме подароците. Подоцна шефот имаше организирано лотарија, нормално, сите бевме добитници и добивме скапи италијански вина, бомбониери, различни видови на сирења и пакетчиња со чоколадни ствари.

Овака некако шефовите им покажуваат благодарност на работниците што ги наполниле со пари. Да потенцирам и дека тука работникот не работи за мизерна плата, за каков и да е вид на работа, и освен тоа е заштитен како бела мечка. Не смееш да го навредуваш, дискриминираш, понижуваш итн.
Ќе правиме споредба како е во Македонија и што се треба да претрпи еден работник? :mad:
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
К,

Од луѓе, најмногу ги сакам оние што се фер. Што не те бараат само кога им треба нешто. Што ти се јавуваат само за да те прашаат како си. Оние што те засмеваат. Со кои можеш со саати да водиш бош муабети и да не ти е досадно. Оние што се вложуваат себеси, без резерва. Што не глумат нешто што не се. Што се исти и кога се пред тебе, и кога ти се позади грб. Што директно ќе ти кажат се што мислат, без разлика колку тоа е непријатно. Оние што нема да се понудат да ти помогнат доколку навистина не го мислат тоа. Оние кои се радуваат на туѓите успеси исто колку и на своите. Без трошка завист и лицемерие. Оние кои гушкаат искрено. Во чија прегратка се топиш. Оние што не те опсипуваат со негативна енергија, туку прават да се чувствуваш опуштено и среќно во нивна близина. Ете, такви луѓе сакам да имам во животот.

Само што ми истече првиот бан во животот. Се чувствувам многу евентуално. Овие две недели ми се изнаслучува милион работи, убави и неубави, а ја немаше ДК да си се пофалам/пожалам. :D

Викендов после извесно време си дојдов дома, во моето градче. Подобро да не дојдев. Наместо да наполнам батерии само насобрав нервози. Плус, пак настинав. Греено винце, хир ај кам.

wtf момент #1:
Излегуваме во сабота вечер со друштво во кафич, као демек одамна не сум била тука, убаво било да се видам со луѓе. Влегуваме внатре, гужва невидена. се вртам лево-десно, 95% од луѓето нит ги знам нит ги познавам. Му викам на другарoт до мене „Кај ме донесовте овде кај што искачаат малолетници?“. И во тој момент до мене поминуваат две дечиња, 15-16 годишни и едното му вика на другото „Ајде брат да си одиме, овде само дечишта има.“ :D

wtf момент #2:
Ние дома Кајги, сме ептен блиски како семејство. Толку блиски што татко ми пред некој ден ме замоли да му дадам број од дечко ми, да се договореле нешто да му помогне. И се е тоа фино, само што јас со дечкото на кој мислеше раскинав пред година дена. И му кажувам на татко ми дека не сме заедно многу одамна и пази одговор: „Како бе, нели скоро ве видов заедно? o_O“. Човекот изгледа има искривена перцепција за „скоро“. Или па којзнае со кого ме има видено. :D

И тоа е во кратки црти. Друг пат ќе ти се жалам.

Убаф ден.
С.
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.494
Поени од реакции
10.253
Абе,

толку добра реченица од дамна не бех слушнал.
Единствено нешто посилно и појако од страхо е надежта.
Алал му вера на тај шо гаа склопил. Мозок ипол. :cuc:
 
Член од
22 август 2006
Мислења
497
Поени од реакции
1.000
Хах,
Одам да плаќам интернет сабајлево, и.. добар ден добар ден. Да платам интернет за тој и тој.. Типката ми вика, а на кое име? Пак и повторувам, ми вика добро тоа адресата, а името како ви е ?

Господе ме умреја пред време.. па и улица сакаат да ми направат. :cuc:
 

Jolene

принцеза
Член од
31 март 2014
Мислења
151
Поени од реакции
398
Драга,
Влегувам во подрум и од памет се извадив, пред мене се беси глава од дива свиња :shok2:.
Ми требаше време да се соземам и да процесирам дека татко ми вчера беше на лов. Му се посреќи сезонава на човекот :D
П.С. овие од анима мунди може слободно да ги пратиш кај мене за викенд, доживотно кошмари ќе имаат после :D.
 
Последно уредено:

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.324
Поени од реакции
17.789
А бе Кајге, се изнасмеав. :ROFLMAO:

Татко ми доаѓа и ми вика: - Дај ми број од пинки финки. - А? - Пинки бе, да зборам, од лапи топи. :LOL: - Зашто, каков финки, што? - А бе оноа преку мобилен, да зборам. Мифи, вифи, модерно било сега. - Број од инфо центар сакаш, дека немаше вифи? - Не бе. - Е па што? :lolzz: А бе ти шо имаш, со Горан да зборам, ја неам. - Не те сфаќам, што ми збориш? o_O
И ми носи тефтер, со број.
Он сакал на вибер со Горан да збори, некој од странство. Он тоа го немал, јас сум го имала. :pos::pos::pos:На финки ќе зборел. :ROFLMAO: Од финки до вибер... али нема везе. :D

Вака кога ми опишува нешто, ко расипан телефон. Иди па сфати нешто. :D
Ај чао. :D
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.152
Поени од реакции
16.095
Драга,

Сношти снема струја. Едно саат време. А ко за беља дрвата во печката уште гореа. Пумпата нормално не работеше, водата почна да си качува степени, од 20 на 60 стигна за десетина минути. Што ќе праам, се симнав со батериска ламба во гаража, го свртив едниот вентил, па другиот за да ја пуштам водата на ќерамиди горе. Нема друго што да се прави уствари, или тоа, или оганот надвор да го вадам, па да ја наполнам со чад цела куќа. И мајка ми беше будна, али она блага веза си нема каде се и за што служат сите вентили од куќава, па не беше од корист нешто посебно.
Додека да се разбуди татко ми, се беше океј, а потоа и струјата дојде.
Обично ми викаат дека сум досадна кога се распрашувам, али ваљда беше од корист тоа што сум го замарала татко ми да ми ги објаснува вентилите. :cautious: :D
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Ако некогаш не ми текне некој збор, седам и ќутам додека не се сетам кој беше зборот. Целосно се изолирам, се исклучувам од секаков разговор и го мислам додека не ми текне. Може да трае неколку секунди, може да трае и неколку минути. Дотогаш муабетот веќе продолжил у друга насока, па и да ми текне кој е зборот, останува заедно со контекстот тотално неупотреблив и ми останува сам да се радувам дека не сум излапел на млади години. Последен пат ми се случи со зборот "фракција", додека објаснував за мочаниот Тито Петковски од славните есдеес денови.
Денес ми се случи, не со збор, туку со дупка у сеќавање. Со еден филм од детството, ептен ептен рано детство, негде у периодот кога сум стапил онлајн, шо знаев дека ми беше најјак и ја расипав касетата од премотување и гледање, за сега да не знам скоро ништо за тој филм. Додека се прибирав дома само на филмот мислев. Досега со тој филм се расправав. Два саати го мачев. Прво знаев дека имаше еден тип у шума нешто, една самовила нешто и едни двајца лоши. Буквално тоа гуглав на англиски. Не биваше така. Глупости ми даваше у резултати. Па ми текна дека играчки некои имаше у филмот и една многу јака сцена, заради која и потсвеста ме потсети дека тој филм постои. Па тоа го гуглав. Па листав филмови со (живи) играчки, топ 10, топ 50, топ 100. Станав алергичен на Toy Story. Па барав по децениски листи, 50ти, 60ти, 70ти. Па ми текна дека имаше песнички некои у филмот. Сум забораил греење да пуштам. Пуштив греење, одмрзнав прстите и гуглав мјузикли со самовила и играчки некои. И го најдов! Го најдов ебениот филм и ја најдов сцената шо ми треба.


Ја силував од праќање по народ. Ова е особено садистичка сцена и злоупотребува нешто шо е скоро условен рефлекс со ултраагресивна сугестија. "Типов" е бетер од Чаки и штета е шо е избришан од колективната меморија на генерацииве. Уште тука ми остана да го споделам и можам да продолжам со животот, драга кајгана.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.080
Поени од реакции
74.826
Нема што да правам анализи за сармите што сум ги изел во овие 3 дена, доволно е да се знае дека денес не можев да го закопчам најгорното копче од фармерките. Очекувам после божиќ, да не можам ни да ги навлечам на себе :icon_mrgr:
Три дена по ред јадам сарми, компир и риба. Вечерта се омрсив со хамбургер од ројал и десерт крофни од Хром. Каква свиња :icon_mrgr:
 
P

Patience

Гостин
На колоквиум не ми текнува одговор на прашање од лекција што ја учев пред 5-6 дена. Битно дома кога дојдов, пуштам ТВ, се погоди некако Бритни со Упс ај дид ит аген, и ја почнувам да играм со кореографијата на песнава што ја имафме спремано у седмо одделение за патронатот на школото....и го знам секој ебан чекор....:eek:

Мозочни приоритети....:cautious:I hate that thing Кајги....:place:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom