Знаеш има луѓе кои што секогаш каснат ама и тие пример својот мобилен го прават да биде понапред за 5 мин не за друго да се има предвид дека ќе се касни барем помалку плус тие луѓе многу често земаат такси за да не закаснат по некоја логика но на крајот пак ке закаснат за некои 5-6 мин. Ако се на работа од 8 тие стануваат во 7:15 иако до работа со бус се патува некои половина час и така тие цел живот се во трчање за да не закаснат.
Еден од нив сум и јас скоро секаде каснам неколку мин, но за на меѓу градски автобус секогаш стигнувам на врем, чудна работа е тоа. Битно никој не ми се лути ако закаснам но ако стигнам некогаш на време што е малку веројатно мене ме честат.
Многу ми е смешно, воедно и тапа кога луѓе сами си даваат надимаци, ептитети. Така, пример, смешно ми е што Стојанче Ангелов се нарекува Генерал а во МВР нема титула Генерал.
Она кога се навраќаш на некои одамна минати времиња и сфаќаш каков идиот си бил.
Патетика. Да можам да се телепортирам во минатото, би си залепила 2-3 шамари... воспитни.
Од друга страна пак, смешно ми е. Смешни ми се размислувањата, ставовите, чувствата што сум ги имала некогаш. Ваљда тоа значи дека сум пораснала. Или па не?
Одам сега да скокнам од 14ти спрат. Се гледаме утре.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.